Турскиот дрон Бајрактар ТБ3 изврши полетување и слетување на воен брод

Дронот на 19 ноември полета од пистата на бродот ТЦГ Анадолу и по 46-минутен лет се врати и слета на истата писта без да користи опрема за поддршка за слетување, соопшти турското Министерство за одбрана

By Игор Шегавиќ
Бајрактар TБ3 влезе во светската авијациска историја како првото беспилотно летало што слета и полета од брод со кратка писта / Photo: AA / AA

Турскиот дрон Бајрактар TБ3 стана првото беспилотно летало кое успешно полета и слета на брод со кратка палуба.

Од Министерството за одбрана соопштија дека „оствариле уште еден сон“ во областа на наменската индустрија.

„Ова е моментот што го чекавме со голема возбуда и сонот се оствари. Нашиот Бајрактар TБ3 , нашата национална гордост, успешно го изведе првото полетување и првото слетување на воениот брод ТЦГ Анадолу. Им честитаме на сите кои придонесоа за ова да се случи и се радуваме на уште поубави денови кога нашата национална моќ дополнително ќе се зголемува“, се наведува.

Бајрактар TБ3, исто така, влезе во светската авијациска историја како првото беспилотно летало што слета и полета од брод со кратка писта.

Дронот на 19 ноември успешно полета од пистата на бродот ТЦГ Анадолу и по 46-минутен лет над местото каде што се спојуваат Егејското и Средоземното море, се врати и слета на истата писта без да користи опрема за поддршка за слетување.

„Овој пробен лет ја отвори вратата за нова ера во историјата на авијацијата и морепловството“, се вели во соопштението.

ТЦГ Анадолу е најголемиот турски воен брод што официјално и беше доставен на турската морнарица во април 2023 година.

Бродот е долг 231 метар и широк 32 метри, а може да превезе товар од околу 27 илјади тони.

Бајрактар TБ3 го направи својот прв лет на 27 октомври 2023 година.