| Macedonian
РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
Владата и банките ги договорија условите за користење на унгарскиот кредит
Според Митева, договорен е минимален износ по корисник до 10 милиони евра, рок на отплата до 15 години со вклучен грејс период до три години, фиксна каматна стапка од 1,95 отсто без надомест за одобрување и управување
Владата и банките ги договорија условите за користење на унгарскиот кредит
Според неа, бруто-домашниот производ е проектиран на 16 милијарди, а ова се пет отсто од БДП, средства што се очекува да бидат инвестирани оваа и следната година / Photo: Влада на РСМ / Влада на РСМ
28 ноември 2024

Со одлука на Владата потврдени се условите за унгарскиот кредит, за што претходно беше постигнат договор со банките, а со парите се очекува да се придвижи стопанството, изјави денеска портпаролката на Владата, Марија Митева.

Таа посочи дека најголемиот дел од банките се согласни да ги исплатат парите од унгарскиот кредит за компаниите.

„На владина седница на 26 ноември се донесе заклучок во врска со предлогот на Министерството за финансии за условите за кредитна линија од унгарскиот кредит, а во однос на користење на средствата од кредитната линија за финансирање на инвестиции и развој на приватни трговски друштва“, рече Митева.

Според неа, Владата го задолжи Министерството за финансии во соработка со Развојната банка да преземат активности околу операционализација на средствата од кредитната линија под следните услови:

„Минимален износ по корисник до 10 милиони евра. Рок на отплата од страна на крајниот корисник до 15 години со вклучен грејс период до три години и квартална отплата по завршување на грејс периодот. Фиксна каматна стапка од 1,95 отсто без надомест за одобрување и управување. Сопствено учество на крајниот корисник од минимум 20 отсто од вкупната вредност на инвестицијата.“

Митева посочи дека средствата од кредитната линија за финансирање ќе бидат наменети за финансирање на дејноста производство и ќе можат да се користат за инвестиции во опрема, како машини и останато, недвижности, погони, фабрики, деловни објекти за сопствена употреба, транспортни средства поврзани со производствениот процес, обновливи извори на енергија наменети за производство на енергија и нематеријални средства, како што се инвестиции во развојот и софтвери.

Исплатата ќе биде извршена врз основа на доставени фактури од крајниот корисник со цел да се обезбеди контрола на искористувањето на средствата.

Според неа, бруто-домашниот производ е проектиран на 16 милијарди, а ова се пет отсто од БДП, средства што се очекува да бидат инвестирани оваа и следната година.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири