| Macedonian
СПОРТ
4 МИН ЧИТАЊЕ
Лига на Европа: Фенербахче победи во Прага, Манчестер Ј. тешко до триумф
Јунајтед со голема мака го победи Бодо/Глимт со 3:2, Лацио и Лудогорец играа без голови и со тоа е прекината серијата од четири победи на римјаните, Тотенхем и Рома ремизираа со 2:2, а бод во гости освои Галатасарај, кој одигра 1:1 со АЗ Алкмар
Лига на Европа: Фенербахче победи во Прага, Манчестер Ј. тешко до триумф
Јунак на „црвените ѓаволи“ беше Хојлунд, кој постигна два гола во пресвртот против норвешкиот тим / Photo: Reuters / Reuters
29 ноември 2024

Фенербахче, Реал Сосиедад, Манчестер јунајтед остварија вредни победи во натпреварите од петтото коло на Лига на Европа.

Во едно од вечерните дерби натпревари, Реал Сосиедад го победи Ајакс со 2:0 и ја оствари втората победа, додека Ајакс го забележа првиот пораз.

Домашните поведоа во 67. минута со голот на Баренетсе, а Кубо во 85. минута ја обезбеди победата за баскискиот тим.

Сосиедад сега е 16-ти со седум бода, а Ајакс е на шестата позиција со 10 бодови.

Ајнтрахт победи со 1:2 на гостувањето во Данска кај Митјиланд.

Ларсон во 7. минута го доведе Ајнтрахт во водство, а домашните израмнија во 48. минута преку Гогорза. Девет минути подоцна германскиот тим стигна до нова предност. Диао играше со рака, судијата Паусон покажа на белата точка, а Мармосух погоди од пенал.

Со оваа победа Ајнтрахт се пласираше на третото место со 13 бодови, а Данците се на 20. позиција со седум бодови.

Бодови на гости освои и Унион Сен Жилоа совладувајќи го Твенте со 0:1. Тоа е прва победа на Белгијците, а втор пораз на Холанѓаните.

На гостински терен славеше и Фенербахче, кој ја совлада Славија Прага со 1:2.

Чори ги доведе Чесите во предност во седмата минута, а израмни Џеко во 35. минута. Победата на Фенер му ја донесе Несири во 85. минута.

Турскиот тим во моментов е 15-ти со осум бодови, а Славија е на 26. место со четири бода.

Брага го победи Хофенхајм со 3:0 и сега е на 18. позиција со седум бодови, додека Хофенхајм е на 25. место со пет бодови.

Манчестер Јунајтед со голема тешкотија го победи Бодо/Глимт со 3:2.

„Црвените ѓаволи“ поведоа уште во првата минута преку Гарнах, но Норвежаните возвратија со пресврт со головите на Евјен (19) и Цинкернагел (23).

Во последните моменти од првото полувреме израмни Хојлунд, а во 50. минута со вториот гол го врати Јунајтед во предност.

Манчестер сега е на 12 позиција со 9 бода по двете побеи и три нерешени резултати.

Тотенхем и Рома ремизираа 2:2. За Спарс погодија Сон (5-11м) и Џонсон (34), а кај гостите Ндик (20) и Хумелс (90+1). Англичаните сега се на 9. место со десет бодови, а Рома има 6 бода доволни за 21. позиција.

Лацио и Лудогорец играа без голови и со тоа бугарскиот тим ја прекинаа серијата од четири победи на римјаните.

Сепак, Лацио и натаму е прв на табелата со 13 бодови, додека Лудогорец го освои само вториот бод и се наоѓа на 34. место.

ПАОК ја победи РФС со 0:2 на гостувањето во Рига, забележувајќи ја првата победа за грчкиот тим, кој во моментов е на 25. место со четири бода.

Победа на гости оствари и Лион кој со 4:1 победи против Карабаг.

Бешикташ и Макаби Тел Авив играа на неутрален терен во Дебрецен, а Израелците победија со 3:1.

Бод во гости, пак, освои Галатасарај, кој одигра 1:1 со АЗ Алкмар. Мијнас во 2.минута ги доведе во водство домашните фудбалери, а Осимех во 42, минута им донесе бод на Турците.

Лацио, Атлетик Билбао и Ајнтрахт водат на табелата со по 13 бодови, додека Галатасарај и Андерлехт имаат по 11 бодови.

Динамо Киев се уште е на нула.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири