| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Бајден го помилувал својот син Хантер, кој е обвинет за даночно затајување
Бајден рече дека потпишал помилување за Хантер, иако, кога ја презел функцијата претседател рекол дека нема да се меша во судските одлуки, и до сега се придржувал на ставот и покрај тоа што, како што навел, гледал како неговиот син е неправедно гонет
Бајден го помилувал својот син Хантер, кој е обвинет за даночно затајување
Бајден оцени дека Хантер бил кривично гонет само затоа што е негов син / Photo: Reuters / Reuters
2 декември 2024

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека го помилувал својот син Хантер Бајден во судската постапка против него за даночни злоупотреби и во врска со носење огнено оружје, а својата одлука ја оправда со тврдењето дека неговиот син бил подложен на неправедно гонење.

Бајден рече дека во неделата потпишал помилување за неговиот син Хантер, иако, откако ја презеде функцијата претседател, изјави дека нема да се меша во одлуките што ги носат судовите и Министерството за правда.

Тој изјави дека до сега останал на таа одлука, и покрај тоа тоа што, како што навел, гледал како неговиот син е „неправедно гонет“.

Во помилувањето се наведува дека Бајден одобрил „целосно и безусловно“ помилување за Хантер Бајден за какви било прекршоци помеѓу 1 јануари 2014 година и 1 декември оваа година.

Бајден оцени дека Хантер бил кривично гонет само затоа што е негов син.

Хантер Бајден се изјасни за виновен за даночни прекршувања и беше осуден за обвинение за огнено оружје, откако даде лажна изјава дека не користи дрога при добивањето на дозволата за оружје.

Во септември тој се изјасни за виновен за даночно затајување од 1,4 милиони долари, а пресудата во тој случај беше закажана за 16 декември.

Белата куќа постојано објавуваше дека Бајден нема да го помилува или ублажува казните за неговиот син Хантер.

Републиканците ја критикуваа одлуката на Бајден да го помилува својот син.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека со помилувањето на Хантер, Бајден ја злоупотребил својата положба и овластувања и со тоа спречил правдата да биде задоволена.

На својата социјална мрежа Truth Social, Трамп праша зошто осудените за нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година не биле помилувани бидејќи не ги признале резултатите од претседателските избори, според кои победил Бајден.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Советот за безбедност на ОН ги осуди израелските напади врз мировниците од УНИФИЛ во Либан
Стареењето во Швајцарија се продлабочува: Населението над 65 години за првпат ги надминува младите
Убиени 50 лица во Либан во израелските напади во средата
Ирански ракети го таргетираат северен Израел по обраќањето на Трамп
САД ги укинаа санкциите против претседателката на Венецуела, Делсеа Родригез
Личната духовна советничка на Трамп критикувана затоа што го споредила со Исус Христос
Трамп: Главните стратешки цели на војната во Иран речиси се остварени
Амбасада на САД: Американците веднаш да го напуштат Ирак поради закана од напади
Иран му возврати на Трамп: Имате погрешни информации за нашите воени капацитети
Остатоци од ракета предизвикаа помала штета во Абу Даби
Претседателот на Јужна Кореја побара вонреден буџет поради војната во Иран
Еден загинат во земјотресот од 7.4 степени во Индонезија
Бурханетин Дуран: Остро го осудувам законот за смртна казна донесен од израелскиот парламент
19 загинати и неколку повредени мигранти при бродска несреќа кај италијанскиот остров Лампедуза
Медиуми: Иран го започна најголемиот ракетен напад од почетокот на војната