| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
ЕУ жали за одлуката на грузиската Влада да ги прекине преговорите
Ова е отстапување од политиката на сите претходни грузиски влади и европските аспирации на огромното мнозинство на грузискиот народ, како што е содржано во Уставот на Грузија, стои во заедничката изјава на комесарите Каја Калас и Марта Кос
ЕУ жали за одлуката на грузиската Влада да ги прекине преговорите
ЕУ силно го осудува насилството врз мирните демонстранти, кои силно ја поддржуваат нивната европска и демократска иднина, велат од ЕУ / Photo: Reuters / Reuters
2 декември 2024

ЕУ изразува жалење за одлуката на грузискиот премиер Иракли Кобахидзе и партијата Грузиски сон Владата да ги прекине преговорите за пристапување во Унијата и отфрлање на финансиската поддршка до 2028 година, се вели во заедничката изјава на високиот претставник за надворешни работи и безбедност Каја Калас и комесарот за проширување Марта Кос.

„Забележуваме дека оваа објава означува отстапување од политиката на сите претходни грузиски влади и европските аспирации на огромното мнозинство на грузискиот народ, како што е содржано во Уставот на Грузија“, се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на ЕУ.

Во соопштението се потсетува дека активностите на грузиските власти и демократското назадување доведоа до де факто запирање на процесот на пристапување веќе во јуни годинава и дека финансиската помош од ЕУ, која директно им користи на грузиските власти, во моментов е во мирување.

Од ЕУ истакнуваат е дека грузискиот народ повторно излезе на улиците за да ги потврди своите аспирации за влез во Европската унија.

„ЕУ силно го осудува насилството врз мирните демонстранти, кои силно ја поддржуваат нивната европска и демократска иднина. Овие постапки на грузиската влада имаат директни последици за нашите односи“, се вели во соопштението, додавајќи дека грузиските власти мора да го почитуваат правото на слобода на собирање и изразување и воздржување од употреба на сила против мирни демонстранти, политичари и претставници на медиумите.

„Сите акти на насилство мора да бидат истражени и одговорните мора да одговараат, се вели во соопштението, изразувајќи загриженост поради „континуираниот демократски пад на земјата, вклучително и нерегуларностите што се случија пред и за време на неодамнешните парламентарни избори“.

Се истакнува и дека ЕУ стои до грузискиот народ и неговиот избор за европската иднина.

„Вратата на ЕУ останува отворена, а враќањето на Грузија кон европските вредности и патот кон пристапување во ЕУ е во рацете на грузиското раководство“, се вели во соопштението.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири
Поставен камен-темелникот на далновод од ТС „Битола 2“ на граничниот премин Ќафасан
Туркије предупредува дека војната на Блискиот Исток може да се прошири, повикува на дипломатија