| Macedonian
Москва одобри продажба на имотот на Карлсберг во Русија на локална фирма
Имотот на данската пиварница е продадена за 305 милиони евра на локалната компанија ВГ Инвест, а цената сугерира дека имотот на Карлсберг е продаден со значителен попуст, бидејќи компанијата ја проценува неговата вредност на околу милијарда евра
Москва одобри продажба на имотот на Карлсберг во Русија на локална фирма
Русија постојано ги заострува барањата за излез на странските компании од земјата / Photo: AA / AA
3 декември 2024

Властите во Москва одобрија продажба на имотот на данската пиварница Карлсберг во Русија за 34 милијарди рубљи или околу 305 милиони евра на локалната компанија ВГ Инвест, се вели во документ што го видел Ројтерс.

Компанијата ВГ Инвест е регистрирана во август и со неа раководи Јегор Гуселњиков, потпретседател на руската пиварница Балтика, додава британската агенција.

Продажната цена сугерира дека имотот на Карлсберг во Русија е продаден со значителен попуст, бидејќи данската компанија ја проценува неговата вредност на околу една милијарда евра.

Русија постојано ги заострува барањата за излез на странски компании од земјата, бара големи попусти пред да даде дозвола за напуштање на пазарот таму и наплатува високи даноци за излез кои се користат за полнење на државниот буџет, наведува Ројтерс.

Во јули 2023 година, Москва ја презеде контролата врз уделот на Карлсберг во руските пивари Балтика и го стави под привремена управа, а извршниот директор на Карсберг Јакоб Аруп-Андерсен во таа прилика изјави дека нејзиниот бизнис во Русија е „украден“, објавија медиумите.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Советот за безбедност на ОН ги осуди израелските напади врз мировниците од УНИФИЛ во Либан
Стареењето во Швајцарија се продлабочува: Населението над 65 години за првпат ги надминува младите
Убиени 50 лица во Либан во израелските напади во средата
Ирански ракети го таргетираат северен Израел по обраќањето на Трамп
САД ги укинаа санкциите против претседателката на Венецуела, Делсеа Родригез
Личната духовна советничка на Трамп критикувана затоа што го споредила со Исус Христос
Трамп: Главните стратешки цели на војната во Иран речиси се остварени
Амбасада на САД: Американците веднаш да го напуштат Ирак поради закана од напади
Иран му возврати на Трамп: Имате погрешни информации за нашите воени капацитети
Остатоци од ракета предизвикаа помала штета во Абу Даби
Претседателот на Јужна Кореја побара вонреден буџет поради војната во Иран
Еден загинат во земјотресот од 7.4 степени во Индонезија
Бурханетин Дуран: Остро го осудувам законот за смртна казна донесен од израелскиот парламент
19 загинати и неколку повредени мигранти при бродска несреќа кај италијанскиот остров Лампедуза
Медиуми: Иран го започна најголемиот ракетен напад од почетокот на војната