| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Пакистан: Кан повика на протести, се заканува со граѓанска непослушност
Поранешниот премиер Кан во објавата на платформата Х од затвор ги повика своите поддржувачи да дојдат во Пешавар, главниот град на провинцијата Сајбер Пахтунхва, која е предводена од неговата партија Пакистан Техрек-е-Инсаф (ПТИ), на 13 декември
Пакистан: Кан повика на протести, се заканува со граѓанска непослушност
Тој побара судска истрага за насилната реакција на властите на протестниот марш на 25 ноември, во кој, според неговите тврдења, биле убиени најмалку 12 негови приврзаници / Photo: Reuters / Reuters
6 декември 2024

Поранешниот пакистански премиер Имран Кан, кој моментално е во затвор, ги повика своите приврзаници да се соберат на протест следната недела и се закани дека ќе започне граѓанска непослушност, неколку дена откако властите ги забранија протестите организирани од неговата партија во кој загинаа десетина луѓе во Исламабад.

Во објавата на платформата Х, Кан ги повика своите поддржувачи да дојдат во Пешавар, главниот град на провинцијата Сајбер Пахтунхва, која е предводена од неговата партија Пакистан Техрек-е-Инсаф (ПТИ), на 13 декември.

Тој побара судска истрага за насилната реакција на властите на протестниот марш на 25 ноември, во кој, според неговите тврдења, биле убиени најмалку 12 негови приврзаници.

Тој го спомена и насилството од 9 мај минатата година, во кое беа убиени осум лица.

Кан побара и ослободување на сите политичари кои беа уапсени за време на тие протести, предупредувајќи дека доколку овие барања не се исполнат, неговата партија ќе започне граѓанска непослушност на 14 декември и дека властите ќе сносат одговорност за сите последици.

Владата ги негира наводите за убиства за време на протестите на 25 ноември.

Кан вчера беше обвинет дека го наредил нападот на 9 мај, што тој го негира.

Ова обвинение е последно во низата постапки против поранешниот премиер, кој е во затвор од крајот на минатата година.

Кан и неговата партија тврдат дека обвиненијата биле измислени за да го принудат да излезе од политичкиот живот под притисок на војската, откако тој се судри со военото раководство пред неговото соборување во 2022 година.

Судот во Пакистан, пак, вчера издаде налог за апсење на сопругата на Кан, Бушра Кан, позната по прекарот „Биби“, во случај на корупција.

Бушра Кан беше ослободена од затвор во октомври, откако беше притворена девет месеци во случај поврзан со нелегална продажба на државни подароци за време на мандатот на нејзиниот сопруг од 2018 до 2022 година.

Биби (50), која мобилизираше илјадници приврзаници од ПТИ за масовните протести минатиот месец, побегна во северозападната партиска провинција Хајбер Пахтунхва откако паравоените сили го прекинаа митингот во Исламабад.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Русија и Украина разменија по 300 војници во размена на затвореници
Шри Ланка евакуираше екипаж на ирански брод откако американска подморница ја потопи фрегатата Дена
Трамп повика на промена на раководството во Иран, тврди дека има кандидати за „добар лидер“
Речиси 100.000 лица раселени во Либан, повеќе од 100 убиени, 638 повредени
Ескалираа судирите меѓу Хезболах и Израел
Забраната на пропалестински фрази во Австралија предизвика критики
Иран го нападна Азербејџан, Баку вели дека има право да возврати
Грчките сили распоредија систем за воздушна одбрана „Патриот“ на островот Карпатос
Нови израелски напади врз Техеран, експлозии се слушаат во главниот град на Иран
Зеленски: Мировните разговори меѓу Украина и Русија се во прекин поради конфликтот во Иран
Петмина загинати во израелски напади во северен и јужен Либан
Иран ги напаѓа базите на иранските курдски опозициски групи во северен Ирак
НАТО собори иранска балистичка ракета која се движела кон Туркије
Кувајтски Ф/A-18 идентификуван како авион кој собори три американски ловци Ф-15 во пријателски оган
Москва ја обвини Украина за напад со дронови врз брод за течен природен гас во Медитеранот
Израел започна големи воздушни напади врз Техеран
Израел вели дека ги нападнал објектите на иранската внатрешна безбедност и Басиџ во Техеран
Иран уништил воена опрема на САД вредна речиси 2 милијарди долари во првите 4 дена од војната
Повеќе од 50.000 американски војници вклучени во американско-израелските напади врз Иран
Eдна третина од жените во ЕУ жртви на физичко и сексуално насилство