| Macedonian
СПОРТ
4 МИН ЧИТАЊЕ
Лига на шампиони: Нов пораз на Сити, Барселона славеше во Дортмунд
По поразот од 2:0 од Јувентус Сити има само осум бода, Каталонците славеа со 2:3 против Борусија, четвртата победа ја оствари Арсенал, кој го совлада Монако со 3:0, а Милан на домашен терен ja победи Црвена звезда со 2:1
Лига на шампиони: Нов пораз на Сити, Барселона славеше во Дортмунд
Ова беше прва победа за Јувентус по серијата од четири ремија во сите натпреварувања, а првиот гол за „старата дама“ го постигна Влаховиќ / Photo: Reuters / Reuters
11 декември 2024

Манчестер Сити доживеа нов пораз во шестото коло од Лигата на шампионите, откако фудбалерите на Јувентус со 2:0 го победија англискиот тим во Торино, додека Барселона со 2:3 победи против Борусија на стадионот во Дортмунд.

На кризата на Манчестер Сити ѝ нема крај и освојувачот на Лигата на шампионите од пред две сезони стои доста несигурно на табелата со само осум освоени бода.

Ова беше прва победа за Јувентус по серијата од четири ремија во сите натпреварувања.

Влаховиќ ги доведе домаќините во водство во 53. минута, по што следеа жестоки напади на Манчестер Сити. Јувентус издржа се и поведе со 2:0 во 75. минута по убавиот волеј удар при падот на Мекени.

Барселона победи на гостувањето кај Борусија каде сите голови беа постигнати во вториот дел. Борусија двапати ја бришеше негативата, но остана без одговор кога Феран Торес во 85. минута погоди за конечни 2:3.

Пред тоа стрелци за Каталонците беа Рафиња во 52. и Феран Торес во 75. додека Гираси ги врати во живот домаќините со головите од пенал во 60. и 78. минута.

Четвртата победа во Лигата на шампионите ја оствари Арсенал кој на стадионот „Емирати“ го совлада Монако со 3:0. Сака постигна два гола, во 34. и 78. минута, а вториот гол дојде по огромните грешки на гостинската одбрана. Се беше заклучено со голот на Хаверц во 88. минута.

Милан напорно работеше за три бода на домашен терен против Црвена звезда во победата од 2:1. Тоа беше четврта победа во низа на Милан во Лигата на шампионите, а ја обезбеди Абрахам со гол во 87. минута. Милан поведе во 42. минута кога погоди Рафаел Леао, додека Радоњиќ со убав удар од врвот на шеснаесетникот израмни на 1:1.

Феенорд направи голем чекор кон продолжението на натпреварувањето во Лигата на шампионите со победата на домашен терен против Спарта Прага со 4:2. Со тоа славје Феенорд го скокна Динамо во поредокот и сега има десет бода.

Штутгарт по шест кола стигна до седум бода и со тоа се врати во игра за да напредува. Бундеслигашот го совлада Јанг Бојс со 5:1, иако гостите од Швајцарија поведоа уште во шестата минута.

Немаше голови во Лисабон каде играа Бенфика и Болоња, што беше само втор освоен бод на гостите од Италија во елитното натпреварување.

Фудбалерите на Атлетико Мадрид и Лил претходно денеска победија на домашен терен. Атлетико ја победи Слован Братислава со 3:1, додека францускиот тим го победи австрискиот шампион Штурм со 3:2.

Атлетико доминираше од самиот почеток и брзо поведе со голот на Аргентинецот Јулијан Алварез во 16. минута. Слован можеше да израмни десет минути подоцна, но Барсегјан ја погоди гредата.

На крајот од првото полувреме Антоан Гризман зголеми на 2:0, но гостите намалија на почетокот на вториот дел кога Стрелец реализираше пенал. Во 57. минута Гризман го постигна својот втор гол, па мадриѓаните со половина гас го одиграа натпреварот до крај и стигнаа до четвртата победа и12 поени. Покрај тоа, Атлетико загуби два натпревари.

Слован и понатаму е без бод, ова за словачкиот првак беше шести пораз во шестиот настап.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Иран им забрани на своите спортисти да патуваат во „непријателски земји“
Туркије на чекор до пласман на Мундијалот по победата против Романија
Седлоски: Имаме што да покажеме против силната Данска
Салах во јуни го напушта Ливерпул
Чешка: Десетици уапсени за местење фудбалски натпревари и корупција
Инфантино: Фудбалот е клучен во промовирањето на мирот, Мундијалот да се одржи според распоредот
Дебакл на Њукасл во Барселона, Галатасарај остана без четвртфинале во Лигата на шампионите
Реал, ПСЖ, Арсенал и Спортинг првите четвртфиналисти во Лигата на шампионите
Иран преговора со ФИФА натпреварите од Мундијалот да ги игра во Мексико наместо во САД
ФИФА ги разгледува опциите откако Иран најави повлекување од Светското првенство
Иран нема да учествува на светското првенство во фудбал чии ко-домаќини се САД
Продолжува Лигата на шампионите- ПСЖ го пречекува Челзи, Реал Мадрид против Сити во осминафиналето
УЕФА: „Финалисима“ не мрда од Доха
Младите македонски спортисити стануваат дел од Плазма Спортските игри на младите
ПСЖ против Челзи, Реал пак на мегдан со Сити во осминафиналето на Лигата на шампиони
Блатер ги критикуваше методите на управување на Инфантино
Драма во Торино: Галатасарај по продолженија го елиминираше Јувентус од Лигата на шампиони
Инфантино верува дека натпреварите од СП 2026 година ќе се одржат во Мексико
Сензација во Милано: Бодо го исфрли Интер од Лигата на шампиони
Признание за квалитет: ФИФА амблеми за македонските судии