| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Американски пратеници побараа постепено укинување на санкциите за Сирија
Укинувањето на санкциите ќе изгради добра волја за САД во Сирија „и ќе помогне да се тргнат настрана терористичките организации преку олеснување на економскиот и финансискиот пристап за обичните Сиријци“, нагласуваат Вилсон и Бојл
Американски пратеници побараа постепено укинување на санкциите за Сирија
Падот на режимот на Асад претставува клучна можност за одговорно укинување на санкциите врз Сирија/ Photo: AFP / AFP
12 декември 2024

Двајца пратеници во Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави (САД) денес побараа од администрацијата на Бајден да спроведе „планско и етапно“ укинување на санкциите за Сирија по крајот на над петдецениското владеење на семејството Асад, јавува Анадолу.

Пратениците Џо Вилсон и Брендан Бојл преку писмо до советникот за национална безбедност Џејк Саливан истакнуваат дека САД треба да ги сменат своите санкции и да издадат отстапки и општи дозволи за суспендирање на санкциите поврзани со обновата, економскиот развој и странските инвестиции.

Укинувањето на санкциите ќе изгради добра волја за САД во Сирија „и ќе помогне да се тргнат настрана терористичките организации преку олеснување на економскиот и финансискиот пристап за обичните Сиријци“, нагласуваат Вилсон и Бојл.

„Падот на режимот на Асад претставува клучна можност за одговорно укинување на санкциите врз Сирија, со цел да се олеснат стабилизацијата, обновата, меѓународните инвестиции, хуманитарното закрепнување и меѓународната реинтеграција, истовремено со зачувување на безбедносните интереси на САД“, напишаа пратениците.

„Потребен е плански и етапен пристап за ублажување на санкциите и извозните контроли кон Сирија за да се осигури дека елементите на поранешниот режим не можат да пристапат до нивните средства, дека на терористичките организации ќе им се оневозможи пристап до меѓународниот финансиски систем“, додаваат тие.

Пратениците истакнуваат дека овој потег ќе послужи и „да се поттикне усогласеноста на преодната влада со меѓународните норми“.

Башар ал Асад, претседател на Сирија речиси 25 години, побегна во Русија откако антирежимските групи ја презедоа контролата врз Дамаск рано во неделата, ставајќи крај на повеќе од петдецениското владеење на партијата Баас.

Обединетите нации (ОН) проценуваат дека трошоците за обнова на Сирија по 13 години жесток конфликт би можеле да чинат и до еден билион долари. Цената за „вистинскиот план за обнова на Сирија најдобро ќе се реализира со силна поддршка од пошироката меѓународна заедница“, порача Светската банка во 2019 година.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири