| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Ердоган:Турскиот комуникациски модел е глас на праведните, а не на моќните
Анкара ги продолжува своите повеќедимензионални дипломатски напори со голема одлучност за воспоставување мир, стабилност во регионот и светот, рече Ердоган на самитот за меѓународна стратешка комуникација. СтратКом Самит 24 во Истанбул.
Ердоган:Турскиот комуникациски модел е глас на праведните, а не на моќните
Ердоган: Од Карабах до Балканот, од Сирија до Украина, продолжуваме да преземаме одговорност со нашиот проактивен надворешнополитички пристап ориентиран кон решенија, кој ги почитува хуманитарните чувствителности во секој агол на нашиот регион / Photo: AA / AA
13 декември 2024

Турскиот комуникациски модел е производ на пристап кој не прави компромиси за користење на храброто и принципиелно новинарство за засилување на гласот на праведните, а не на моќните, рече денеска турсиот претседател Реџеп Таип Ердоган на самитот за меѓународна стратешка комуникација. СтратКом Самит 24 во Истанбул.

Благодарение на напорите на нашиот Директорат за комуникации, (национален радиодифузер) ТРТ, Агенцијата Анадолија и сите наши релевантни институции и организации, се осигура дека светот е информиран за масакрот извршен од страна на Израел од 7 октомври 2023 година. Тоа еден од најконкретни резултати од овој пристап“, истакна Ердоган.

Тој вели дека Анкара продолжува со повеќедимензионалните дипломатски напори со голема одлучност за воспоставување мир и стабилност во регионот и светот.

„Од Карабах до Балканот, од Сирија до Украина, продолжуваме да преземаме одговорност со нашиот проактивен надворешнополитички пристап ориентиран кон решенија, кој ги почитува хуманитарните чувствителности во секој агол на нашиот регион“, рече Ердоган.

Според Ердоган визијата за векот на Туркије, која стана позначајна во главите на луѓето поради искрениот став и несебичните напори, е обликувана од пристапот кон комуникациите што ги става правдата, безбедноста и вистината во нејзината основа.

„Црпејќи инспирација од нашето илјадагодишно државно искуство и античките вредности, турскиот комуникациски модел е една од најважните манифестации на ова разбирање” рече Ердоган.

Тој го нарече моделот „иновативна комуникациска стратегија која го зема предвид вистинскиот потенцијал на земјата низ широк спектар, почнувајќи од економијата до културата и уметноста, надворешната политика до туризмот и од индустријата и технологијата до образованието“.

Ердоган подвлече дека Анкара исто така ги анализира можностите и ризиците што ги претставуваат вештачката интелигенција и дигиталните технологии, кои неодамна имаа значително влијание, особено во комуникацискиот сектор.

„Вештачката интелигенција предизвикува ширење на дезинформации и манипулации, кои станаа глобално безбедносно прашање и придонесуваат за ширење на штетни содржини насочени кон младите луѓе. Како што тоа го прави на секое друго поле, Туркије сака да го зајакне глобалното разбирање за вештачката интелигенција што ги поддржува правдата, етиката, совеста и човековите права, и ние продолжуваме со нашите напори во оваа насока. Во рамките на нашата визија за век на Туркије и националната стратегија за вештачка интелигенција, ние спроведуваме програми за обука на експерти и претприемачи за нова технологија“, рече тој.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Советот за безбедност на ОН ги осуди израелските напади врз мировниците од УНИФИЛ во Либан
Стареењето во Швајцарија се продлабочува: Населението над 65 години за првпат ги надминува младите
Убиени 50 лица во Либан во израелските напади во средата
Ирански ракети го таргетираат северен Израел по обраќањето на Трамп
САД ги укинаа санкциите против претседателката на Венецуела, Делсеа Родригез
Личната духовна советничка на Трамп критикувана затоа што го споредила со Исус Христос
Трамп: Главните стратешки цели на војната во Иран речиси се остварени
Амбасада на САД: Американците веднаш да го напуштат Ирак поради закана од напади
Иран му возврати на Трамп: Имате погрешни информации за нашите воени капацитети
Остатоци од ракета предизвикаа помала штета во Абу Даби
Претседателот на Јужна Кореја побара вонреден буџет поради војната во Иран
Еден загинат во земјотресот од 7.4 степени во Индонезија
Бурханетин Дуран: Остро го осудувам законот за смртна казна донесен од израелскиот парламент
19 загинати и неколку повредени мигранти при бродска несреќа кај италијанскиот остров Лампедуза
Медиуми: Иран го започна најголемиот ракетен напад од почетокот на војната