| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Путин: Западот ја турка Русија кон црвената линија, Москва мора да одговори
Нѐ помалку загрижувачка е активноста на САД во создавањето и подготовката за распоредување во предните зони на високопрецизно копнено ударно оружје со дострел до 5.500 километри, рече Путин на состанок на комитетот на руското Министерство за одбрана
Путин: Западот ја турка Русија кон црвената линија, Москва мора да одговори
Рускиот претседател тврди дека бројот на американски војници во Европа надминал 100.000 / Photo: AA / AA
16 декември 2024

Рускиот претседател Владимир Путин ги обвини властите на Соединетите Американски Држави дека се обидуваат да ја турнат Москва на нејзините „црвени линии“, предупредувајќи дека Русија ќе ги укине ограничувањата за распоредување ракети со краток и среден дострел ако САД распоредуваат слично оружје.

Говорејќи на продолжениот состанок на комитетот на руското Министерство за одбрана во Москва, Путин рече дека земјите на НАТО ги зголемиле воените трошоци и формирале НАТО групи во близина на границата со Русија.

Рускиот претседател тврди дека бројот на американски војници во Европа надминал 100.000.

„Нѐ помалку загрижувачка е активноста на САД во создавањето и подготовката за распоредување во предните зони на високопрецизно копнено ударно оружје со дострел до 5.500 километри“, рече Путин.

Тој изјави дека САД работат паралелно на трансфер и распоредување на вакви ракетни системи во Европа и во азиско-пацифичкиот регион, нагласувајќи дека таквите мерки претходно биле забранети со Договорот за нуклеарни сили со среден дострел.

Договорот за нуклеарни сили со среден дострел, потпишан од Вашингтон и Москва во 1987 година, забрани употреба на копнени нуклеарни и конвенционални ракети.

Сепак, САД се повлекоа од договорот за контрола на оружјето во 2019 година, обвинувајќи ја Русија за кршење на актот.

„Постојано изјавувавме дека раскинувањето на овој договор ќе има негативни последици за глобалната безбедност, но исто така нагласивме дека нема да распоредуваме ракети со среден и краток дострел додека американското оружје од овој тип не се појави во кој било дел од светот. Всушност, Русија еднострано ги презеде овие обврски. Меѓутоа, како што веќе реков, ако САД почнат да поставуваат такви системи, тогаш сите наши доброволни ограничувања ќе бидат укинати“, предупреди Путин.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири