| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Избрана е новата романска Влада на чело со актуелниот премиер Чолаку
Новата владејачка коалиција ја сочинуваат Социјалдемократската партија на Марсел Чолаку, Национал-либералната партија на десниот центар (ПНЛ), унгарската партија УДМР и партиите на националните малцинства
Избрана е новата романска Влада на чело со актуелниот премиер Чолаку
Тоа нема да биде лесен мандат за идната влада, рече Чолаку, чија партија ПСД освои најмногу пратенички места на парламентарните избори / Photo: Reuters / Reuters
24 декември 2024

Романскиот парламент избра нова проевропска коалициска влада предводена од актуелниот премиер Марсел Чолаку.

За новата влада синоќа гласаа 240 пратеници, а против 143 од вкупно 466 пратеници.

Новата владејачка коалиција ја сочинуваат Социјалдемократската партија (ПСД) на Марсел Чолаку, Национал-либералната партија на десниот центар (ПНЛ), унгарската партија УДМР и партиите на националните малцинства.

„Тоа нема да биде лесен мандат за идната влада“, рече Чолаку, чија партија ПСД освои најмногу пратенички места на парламентарните избори на 1 декември.

Чолаку посочи дека е свесен дека во моментов во Романија владее длабока политичка криза и криза на доверба, наведувајќи дека целта на новата влада е да ја врати довербата од народот.

Екстремната десница оствари значителни придобивки на парламентарните избори во Романија, кои се одржаа на 1 декември, една недела откако десничарскиот независен кандидат Калин Ѓорѓеску победи во првиот круг од претседателските избори.

Во декември Уставниот суд ги поништи резултатите од првиот круг од претседателските избори поради, како што наведе, мешањето на Русија во изборниот процес.

Новата влада треба да одреди датум за одржување претседателски избори.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Советот за безбедност на ОН ги осуди израелските напади врз мировниците од УНИФИЛ во Либан
Стареењето во Швајцарија се продлабочува: Населението над 65 години за првпат ги надминува младите
Убиени 50 лица во Либан во израелските напади во средата
Ирански ракети го таргетираат северен Израел по обраќањето на Трамп
САД ги укинаа санкциите против претседателката на Венецуела, Делсеа Родригез
Личната духовна советничка на Трамп критикувана затоа што го споредила со Исус Христос
Трамп: Главните стратешки цели на војната во Иран речиси се остварени
Амбасада на САД: Американците веднаш да го напуштат Ирак поради закана од напади
Иран му возврати на Трамп: Имате погрешни информации за нашите воени капацитети
Остатоци од ракета предизвикаа помала штета во Абу Даби
Претседателот на Јужна Кореја побара вонреден буџет поради војната во Иран
Еден загинат во земјотресот од 7.4 степени во Индонезија
Бурханетин Дуран: Остро го осудувам законот за смртна казна донесен од израелскиот парламент
19 загинати и неколку повредени мигранти при бродска несреќа кај италијанскиот остров Лампедуза
Медиуми: Иран го започна најголемиот ракетен напад од почетокот на војната