| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Папата Франциск за Божиќ повика на прекин на војните во Газа и Украина
Папата Франциск, кој претходно ја критикуваше израелската воена кампања во Газа како „сурова“, исто така го повтори својот повик за прекин на огнот во палестинската енклава и ослободување на заложниците
Папата Франциск за Божиќ повика на прекин на војните во Газа и Украина
Папата Франциск синоќа ја отвори Светата врата во базиликата Свети Петар во Рим и прв помина низ неа, со што го означи почетокот на јубилејот или Светата 2025 година, која е посветена на надежта / Photo: AA / AA
25 декември 2024

Папата Франциск денеска во божиќното обраќање повика на прекин на војните во Газа и Украина и изрази надеж дека мирот ќе се постигне со дијалог.

Во своето обраќање до „Urbi et Orbi“ (градот и светот) од централниот балкон на базиликата Свети Петар во Рим, тој на верниците собрани на истоимениот плоштад им порача дека „сега е потребна храброст да се отвори вратата за преговори со цел да се стави крај на војната во Украина“.

„Нека се замолчи звукот на оружјето во разурната Украина!“ рече Папата и повика на „гестови на дијалог и средба, за да се постигне праведен и траен мир“.

Папата Франциск, кој претходно ја критикуваше израелската воена кампања во Газа како „сурова“, исто така го повтори својот повик за прекин на огнот во палестинската енклава и ослободување на заложниците.

Тој ја окарактеризира хуманитарната ситуација во Газа како „исклучително тешка“ и побара „да се отвори вратата за дијалог и мир“.

Илјадници верници го слушаа обраќањето на папата додека чекаа да поминат низ светата врата на базиликата Свети Петар, што е еден од начините на кои можат да добијат простување на гревовите во тековната Света година.

Папата Франциск синоќа свечено ја отвори Светата врата во базиликата Свети Петар во Рим и прв помина низ неа, со што го означи почетокот на јубилејот или Светата 2025 година, која е посветена на надежта.

Јубилејот, познат и како Света година, во католичката традиција е време посветено на промовирање на светоста на животот, зајакнување на верата, поттикнување на солидарноста и братското единство и „поканување и охрабрување на верниците на поискрен и покохерентен интерес за верата во Христос Спасителот“.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири