| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Рубио: Кинеското влијание врз Панамскиот канал претставува закана
Американскиот државен секретар Марк Рубио вчера на панамскиот претседател Хозе Раул Мулино му рекол дека Панама треба да го намали кинеското влијание врз Панамскиот канал и предупредил дека во спротивно, САД ќе преземе мерки за заштита на интересите
Рубио: Кинеското влијание врз Панамскиот канал претставува закана
По средбата со Рубио (лево) Мулино рече дека Панама нема да го обнови меморандумот за разбирање со Кина за приклучување кон иницијативата „Појас и пат“ / Photo: Reuters / Reuters
3 февруари 2025

Американскиот државен секретар Марк Рубио вчера во разговор со панамскиот претседател Хозе Раул Мулино рече дека централноамериканската земја треба да го намали кинеското влијание врз Панамскиот канал и предупреди дека во спротивно, Вашингтон ќе преземе мерки за заштита на интересите, според американскиот договор со Панама.

Портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус, изјави дека Рубио изјавил оти американскиот претседател Доналд Трамп не сака да го задржи статус квото во врска со Панамскиот канал со оглед на зголеменото влијание на Кина во регионот.

Според неа, Рубио го информирал Мулино дека Трамп донел прелиминарен заклучок оти моменталната состојба на влијание и контрола на Кинеската комунистичка партија над зоната на Панамскиот канал претставува закана за каналот и претставува кршење на Договорот за трајна неутралност и функционирање на Панамскиот канал.

Брус нагласи дека „ова статус кво е неприфатливо“ и дека „во отсуство на итни промени, САД ќе мора да ги преземат неопходните мерки за заштита на своите права според Договорот“.

По средбата, Мулино рече дека Панама нема да го обнови меморандумот за разбирање со Кина за приклучување кон иницијативата „Појас и пат“ и посочи дека договорот може да заврши предвреме.

Тој рече дека Панама ќе се обиде да соработува со САД кога станува збор за нови инвестиции, вклучително и инфраструктурни проекти.

Мулино истакна дека суверенитетот над Панамскиот канал не може да се преговара.

Претседателот на Панама понуди да помогне во враќањето на некои мигранти доколку САД платат за тоа.

Панама претходно категорично одби да ѝ ја отстапи контролата на Панамскиот канал на Кина, инсистирајќи Панама да управува со сообраќајот преку оваа важна поморска рута што ги поврзува Атлантскиот и Тихиот Океан.

Иако со самиот канал управува Панама, со две пристаништа управува јавното претпријатие ЦК Хачинсон од Хонг Конг, додека со другите пристаништа во близина управуваат приватни компании од САД, Сингапур и Тајван.

Соединетите Американски Држави го изградија Панамскиот Канал во раните 1900-ти, историски подвиг во тоа време што ја отвори патеката за воени и трговски бродови и се откажа од контролата на пловидбата во 1999 година во согласност со договорот што го потпишаа претседателот Џими Картер - договор што Трамп го омаловажи, наведувајќи дека „давањето на Панамскиот канал на Панама беше голема грешка“.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Убиени 50 лица во Либан во израелските напади во средата
Ирански ракети го таргетираат северен Израел по обраќањето на Трамп
САД ги укинаа санкциите против претседателката на Венецуела, Делсеа Родригез
Личната духовна советничка на Трамп критикувана затоа што го споредила со Исус Христос
Трамп: Главните стратешки цели на војната во Иран речиси се остварени
Амбасада на САД: Американците веднаш да го напуштат Ирак поради закана од напади
Иран му возврати на Трамп: Имате погрешни информации за нашите воени капацитети
Остатоци од ракета предизвикаа помала штета во Абу Даби
Претседателот на Јужна Кореја побара вонреден буџет поради војната во Иран
Еден загинат во земјотресот од 7.4 степени во Индонезија
Бурханетин Дуран: Остро го осудувам законот за смртна казна донесен од израелскиот парламент
19 загинати и неколку повредени мигранти при бродска несреќа кај италијанскиот остров Лампедуза
Медиуми: Иран го започна најголемиот ракетен напад од почетокот на војната
Гаши: Соживотот и дијалогот клучни за стабилноста во регионот
Во Скопје одржан Самит на верските заедниции на Балканот