Ал Шара изрази желба за трансформирање на односите со Туркије
„Ја потврдуваме трансформацијата на нашите односи со Туркије до длабоко стратешко партнерство во сите полиња“.
Претседалот на сириската преодна Влада, Ахмед ал-Шара, изрази желба односите со Туркије да се трансформираат во стратешко партнерство.
На заедничката прес-конференција со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во турскиот главен град Анкара, Ал Шара ја истакна важноста од продлабочување на партнерството меѓу двете земји, нагласувајќи: „Ја потврдуваме трансформацијата на нашите односи со Туркије до длабоко стратешко партнерство во сите полиња“.
Сирискиот претседател рече дека претстојната фаза ќе се фокусира на „зајакнување на трговската размена и заедничките инвестиции, особено во проектите за обнова на инфраструктурата, со цел да се постигне економско закрепнување и да се поддржи подобра иднина за двете земји“.