| Macedonian
РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
Санторини: Околу 20 земјотреси над 4 степени по Рихтер во текот на ноќта
Областа беше погодена од над 6.400 земјотреси во изминатите девет дена, a според сеизмолозите, бројот на сеизмички активности постепено ќе се намали со помали потреси или „ројот земјотреси“ може да предизвика поголем, главен земјотрес
Санторини: Околу 20 земјотреси над 4 степени по Рихтер во текот на ноќта
Многумина одлучија да ги напуштат островите, што доведе до голем метеж на пристаништата, но планирани се дополнителни фериботи и воздушни линии / Photo: AA / AA

Жителите на грчкиот остров Санторини синоќа ја имаа најтешката ноќ во последните неколку дена, бидејќи околу 20 земјотреси со јачина од над 4 степени според Рихтеровата скала ја потресоа областа од еден часот по полноќ.

Последниот голем земјотрес е регистриран во 7:51 часот по локално време, североисточно од Анафи, со јачина од 4,5 степени.

Силен земјотрес од 4,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа Санторини во 5:51 часот.

Најсилниот земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала се случи вчера.

Сеизмичката активност продолжи во изминатово деноноќие во морската област меѓу Аморгос и Санторини.

Областа беше погодена од повеќе од 6.400 земјотреси во изминатите девет дена, што предизвика загриженост кај научниците и жителите, од кои многумина го напуштија островот.

Во вторникот беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени, чиј епицентар се наоѓа на 22 километри југозападно од градот Аркесини на островот Аморгос.

Според податоците на Националниот универзитет во Атина (НКУА), сеизмичката активност ги покажува карактеристиките на т.н рој земјотреси, термин кој се користи за опишување на серија земјотреси, од кои ниту еден не бил значително посилен од другите и не може да се окарактеризира како голем сеизмички настан.

НКУА наведува дека се можни две сценарија: бројот на сеизмички активности би можел постепено да се намалува со помали потреси во текот на следните неколку месеци или „рој земјотреси“ може да предизвика поголем, главен земјотрес проследен со „типична секвенца од последователни потреси“.

Многумина одлучија да ги напуштат островите, што доведе до голем метеж на пристаништата, но планирани се дополнителни фериботи и воздушни линии за секој што сака да ги напушти.

Од безбедносни причини, училиштата на Санторини, Анафи, Иос и Аморгос ќе бидат затворени до петок.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Што следи откако Хамас ја предаде администрацијата во Газа на одборoт поддржан од ОН?
Од син на калабриски рибар до отомански Голем адмирал-како Килич Али паша стана владател на морињатa
Туркије ја отфрла резолуцијата на Европскиот парламент за мировната операција на Кипар од 1974 г.
Можат ли украинските напади со дронови да предизвикаат криза со гориво во Русија?
Извонредна приказна за турските воени заробеници кои ја преобликуваа воената доктрина на НАТО
Што се санкциите од КAATСA и како нивното укинување ќе биде од корист за Туркије?
Можат ли САД и Иран да се вратат на преговорите откако Трамп изјави дека прекинот на огнот е завршен
Вучиќ ќе поднесе оставка неколку дена по објавувањето на парламентарните избори
ТУРКСОЈ во Скопје ги промовира туркиските земји, туркискиот свет и туркиската култура
Емине Ердоган со сопругите на лидерите на НАТО на дискусија за децата, технологијата и безбедноста
Продажбата на американски мотори за турскиот авион КААН ќе продолжи, Конгресот не ја блокираше
Во Собранието одбележан Меѓународниот ден на геноцидот во Сребреница
Калас и Кос на 31-годишнината од геноцидот во Сребреница: Нема место за негирањед на геноцидот
САД привремено ги запреа нападите врз Иран за да остават простор за дипломатија
ЕБОР инвестираше 1,2 милијарди евра во Туркије во првата половина на 2026