| Macedonian
Маск: Новиот Грок 3.0 е најдобар модел со вештачка интелигенција
За време на презентација во живо со тројца инженери од „ИксАИ“, Маск рече дека „Грок 3“ има повеќе од 10 пати поголема компјутерска моќ од неговиот претходник и ја завршил претходната обука на почетокот на јануари
Маск: Новиот Грок 3.0 е најдобар модел со вештачка интелигенција
Маск: Новиот Грок 3.0 е најдобар модел со вештачка интелигенција / Photo: Reuters / Reuters
18 февруари 2025

Компанијата за вештачка интелигенција Икс АИ (xAI) на Илон Маск го претстави најновиот модел на вештачка интелигенција, „Грок 3“ (Grok 3), за кој компанијата вели дека ги надминува конкурентите како Опен АИ и кинескиот ДипСик (DeepSeek) во математика, наука и кодирање.

За време на презентација во живо со тројца инженери од „ИксАИ“, Маск рече дека „Грок 3“ има повеќе од 10 пати поголема компјутерска моќ од неговиот претходник и ја завршил претходната обука на почетокот на јануари.

„Грок 3, чие име е земено од научно-фантастичниот роман на Роберт Хајнлајн - е најпаметната вештачка интелигенција на Земјата“, рече Маск, кој е на позицијата висок советник на американскиот претседател Доналд Трамп.

Компанијата, исто така, го претстави и ДипСрч (Deep Search), нова генерација пребарувач дизајниран да ги редефинира онлајн пребарувањата.

„Грок 3“ е достапен за премиум X претплатниците и до него исто така може да се пристапи и преку посебна претплата за неговите веб-верзии и апликации, истакна тимот на „ИксАИ“.

ДипСик (DeepSeek) направи голем бум во јануари, промовирајќи се како поекономична и помоќна алтернатива на своите конкуренти, а американските компании сакаа да докажат дека кинеските програмери не се во право.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири