| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Лавров: Русија и САД ќе ги решат прашањата за дипломатските мисии
Билатералните разговори, насочени кон нормализирање на дипломатските операции, се фокусираа и кон ставање крај на војната во Украина и на истражувањето на идната соработка за геополитички и економски прашања
Лавров: Русија и САД ќе ги решат прашањата за дипломатските мисии
Лавров: Русија и САД ќе решат прашањата за дипломатските мисии  / Photo: AFP / AFP
19 февруари 2025

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Русија и Соединетите Американски Држави (САД) се договориле „еднаш засекогаш“ да ги решат прашањата во врска со нивните дипломатски мисии.

Во обраќањето по состанокот во саудискиот главен град Ријад, Лавров рече дека Москва и Вашингтон одлучиле да назначат амбасадори што е можно поскоро и да работат на елиминирање на пречките кои влијаат на функционирањето на нивните амбасади.

Билатералните разговори, насочени кон нормализирање на дипломатските операции, се фокусираа и кон ставање крај на војната во Украина и на истражувањето на идната соработка за геополитички и економски прашања.

Тој, исто така, рече дека САД наскоро ќе го објават својот претставник за разговорите за украинскиот конфликт, а потоа Русија ќе го стори истото тоа.

Лавров изрази надеж за редовни консултации меѓу Русија и САД за клучните прашања.

Разговорите, чиј домаќин беше Саудиска Арабија со цел поддршка на дипломатскиот дијалог, ја означуваат првата средба меѓу руските и американските високи претставници од почетокот на војната во Украина на 24 февруари 2022 година, пред речиси три години.

Руската делегација ја предводеше министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, а во неа беа претседателските советници Јуриј Ушаков и Кирил Дмитриев и шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции.

Државниот секретар Марко Рубио ја предводеше американската делегација, придружуван од советникот за национална безбедност, Мајк Валц, и од Стив Виткоф, специјалниот пратеник за Блискиот Исток.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Убиени 50 лица во Либан во израелските напади во средата
Ирански ракети го таргетираат северен Израел по обраќањето на Трамп
САД ги укинаа санкциите против претседателката на Венецуела, Делсеа Родригез
Личната духовна советничка на Трамп критикувана затоа што го споредила со Исус Христос
Трамп: Главните стратешки цели на војната во Иран речиси се остварени
Амбасада на САД: Американците веднаш да го напуштат Ирак поради закана од напади
Иран му возврати на Трамп: Имате погрешни информации за нашите воени капацитети
Остатоци од ракета предизвикаа помала штета во Абу Даби
Претседателот на Јужна Кореја побара вонреден буџет поради војната во Иран
Еден загинат во земјотресот од 7.4 степени во Индонезија
Бурханетин Дуран: Остро го осудувам законот за смртна казна донесен од израелскиот парламент
19 загинати и неколку повредени мигранти при бродска несреќа кај италијанскиот остров Лампедуза
Медиуми: Иран го започна најголемиот ракетен напад од почетокот на војната
Гаши: Соживотот и дијалогот клучни за стабилноста во регионот
Во Скопје одржан Самит на верските заедниции на Балканот