| Macedonian
СВЕТ
4 МИН ЧИТАЊЕ
Нетанјаху вети одмазда откако Хамас ги врати телата на заложниците
Гласот на крвта на нашите драги ни вика од земја, од нас бара да се пресметаме со развратните убијци- и ќе се пресметаме со нив, рече Нетанјаху откако Хамас ги предаде телата на четворица заложници
Нетанјаху вети одмазда откако Хамас ги врати телата на заложниците
Заканите на Нетанјаху доаѓаат во време кога се зголемува гневот на јавноста поради враќањето на израелските заробеници во ковчези, па реакциите го принудија да ги откаже плановите да присуствува на приемот на посмртните останки / Photo: AA / AA
20 февруари 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во четвртокот вети одмазда на Појасот Газа откако Хамас предаде тела на четворица израелски заложници, и покрај обвинувањата дека неговото долгогодишно одбивање да преговара за нивното ослободување доведе до нивна смрт.

Хамас ги предаде телата на Шири Бибас, нејзините две деца Ариел и Кфир, како и на Одед Лифшиц, во градот Кан Јунис во јужниот дел на Газа, според договорот за прекин на огнот и размена на затвореници со Израел.

Палестинската група на отпор соопшти дека тие биле убиени во неселективни израелски воздушни напади за време на 16-месечниот геноцид врз енклавата.

Во својата прва изјава по предавањето, Нетанјаху, кој се соочува со обвиненија за злосторства против човештвото во Газа, изјави дека „Гласот на крвта на нашите драги ни вика од земја. Од нас бара да се пресметаме со развратните убијци- и ќе се пресметаме со нив“.

Тој рече: „Враќањето на овие четири тела не принудува да се погрижиме никогаш да не се повтори она што се случи на 7 октомври“, укажувајќи на неговата намера да ја продолжи војната против Газа.

Хамас рече дека израелските сили се одговорни за смртта на затворениците со бомбардирање на локациите каде што биле држени. Групата нагласи дека се однесувала хумано кон заробениците и се обидела да ги заштити.

Групата во соопштение истакна дека „истите израелски напади во кои загинаа четворицата затвореници, исто така, убиле 17.881 палестински деца во криминално бомбардирање на Газа од страна на Израел“.

„Нетанјаху сега жали за останките на своите затвореници, обидувајќи се да ја избегне одговорноста за нивната смрт“, се вели во соопштението на Хамас, обвинувајќи го дека ја користи ситуацијата за политички опстанок.

Заканите на Нетанјаху кон Газа доаѓаат во време кога се зголемува гневот на јавноста поради враќањето на израелските заробеници во ковчези за прв пат во договорот за размена.

Реакциите го принудија премиерот да ги откаже плановите да присуствува на приемот на посмртните останки, стравувајќи дека состојбата во моментов ќе се сврти против него, според извештаите на медиумите.

Израелската опозиција го обвини Нетанјаху за смртните случаи, тврдејќи дека тој со месеци јастопирал размената на затвореници за да не ја загрози неговата кревка коалиција, која вклучува екстремно десничарски министри кои се залагаат за продолжување на војната во Газа.

Договорот за прекин на огнот во Газа стапи на сила минатиот месец, прекинувајќи ја геноцидната војна во Израел во која загинаа повеќе од 48.300 жртви, главно жени и деца, и ја остави енклавата во урнатини.

Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење во ноември за Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со тужба за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговата војна против енклавата.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири