| Macedonian
КУЛТУРА
2 МИН ЧИТАЊЕ
Амазон МГМ ја презема креативната контрола на франшизата за Џејмс Бонд
Почестени сме да го продолжиме ова скапоцено кинематско наследство и со нетрпение го очекуваме почетокот на новата фаза за легендарниот агент, изјави извршниот директор на филмското студио на Амазон, Мајк Хопкинс
Амазон МГМ ја презема креативната контрола на франшизата за Џејмс Бонд
Долгогодишните филмски продуценти за Бонд, Мајкл Џ. Вилсон и Барбара Броколи сега со Амазон се заеднички сопственици на франшизата / Photo: AFP / AFP
20 февруари 2025

Компанијата Амазон МГМ студиос постигнаа договор да ја преземат креативна контрола врз филмската франшиза за агентот 007 Џејмс Бонд, објавија денеска американските медиуми.

Компанијата склучидоговор со долгогодишните филмски продуценти за Бонд, Мајкл Џ. Вилсон и Барбара Броколи.

Како што е соопштено, филмското студио на Амазон и Вилсон и Броколи сега се заеднички сопственици според договорот, но Амазон МГМ ќе има креативна контрола врз франшизата.

„Почестени сме да го продолжиме ова скапоцено кинематско наследство и со нетрпение го очекуваме почетокот на новата фаза за легендарниот агент“, изјави извршниот директор на филмското студио на Амазон, Мајк Хопкинс.

Компанијата на Џеф Безос го купи МГМ во 2022 година и ги стекна правата да ги дистрибуира сите филмови за Бонд.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Бурханетин Дуран: Остро го осудувам законот за смртна казна донесен од израелскиот парламент
19 загинати и неколку повредени мигранти при бродска несреќа кај италијанскиот остров Лампедуза
Медиуми: Иран го започна најголемиот ракетен напад од почетокот на војната
Гаши: Соживотот и дијалогот клучни за стабилноста во регионот
Во Скопје одржан Самит на верските заедниции на Балканот
Трамп: Новото раководство на Иран бара прекин на огнот
Германија ги намалува загриженостите околу заканата на Трамп за напуштање на НАТО
Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, струјата нема да поскапи
Ердоган: Израел првенствено е одговорен за незаконската војна со Иран
Трамп: Сериозно размислувам за повлекување на САД од НАТО
Техеран има 4 барања до САД и Израел за постигнување траен мир на Блискиот Исток
Иран ѝ се закани на Бугарија поради американските авиони стационирани на аеродромот во Софија
Зеленски: Русија бара повлекување на Украина од Донбас во рок од два месеци
Хамнеи: Иран ветува континуирана поддршка на Хезболах во борбата против САД и Израел
Хутите тврдат дека извршиле ракетен напад врз Израел заедно со Иран и Хезболах