| Macedonian
ТУРКИЈЕ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Фидан: Сите палестински групи треба да се помират без одложување
Истакнувајќи дека палестинскиот претседател Махмуд Абас треба да го води процесот на помирување, Фидан нагласи дека сите Палестинци мора да дејствуваат во единство против експанзионистичката политика на Израел
Фидан: Сите палестински групи треба да се помират без одложување
Турскиот министер за надворешни работи, денеска имаше состанокот со генералниот секретар на Централниот комитет на Фатах, Џибрил ал-Раџуб / Photo: AA / AA
27 февруари 2025

Сите палестински групи треба да се здружат и да се помират без одложување, рече денес турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, за време на состанокот со генералниот секретар на Централниот комитет на Фатах, Џибрил ал-Раџуб, во Анкара, соопшти турското Министерство за надворешни работи на платформата Х.

Истакнувајќи дека палестинскиот претседател Махмуд Абас треба да го води процесот, Фидан нагласи дека сите Палестинци мора да дејствуваат во единство против експанзионистичката политика на Израел, се додава од Министерството.

Бројот на убиени Палестинци во Газа во деструктивната војна на Израел од октомври 2023 година достигна 48.365.

Договорот за прекин на огнот во Газа е на сила од 19 јануари, со што се запре израелската војна која предизвика опсежно уништување и која ја остави палестинската енклава во урнатини.

И покрај прекинот на огнот, локалните власти на Газа известуваа за речиси секојдневно прекршување на прекинот на огнот од страна на израелската војска.

Меѓународниот кривичен суд во ноември минатата година издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, Јоав Галант, за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Убиени 50 лица во Либан во израелските напади во средата
Ирански ракети го таргетираат северен Израел по обраќањето на Трамп
САД ги укинаа санкциите против претседателката на Венецуела, Делсеа Родригез
Личната духовна советничка на Трамп критикувана затоа што го споредила со Исус Христос
Трамп: Главните стратешки цели на војната во Иран речиси се остварени
Амбасада на САД: Американците веднаш да го напуштат Ирак поради закана од напади
Иран му возврати на Трамп: Имате погрешни информации за нашите воени капацитети
Остатоци од ракета предизвикаа помала штета во Абу Даби
Претседателот на Јужна Кореја побара вонреден буџет поради војната во Иран
Еден загинат во земјотресот од 7.4 степени во Индонезија
Бурханетин Дуран: Остро го осудувам законот за смртна казна донесен од израелскиот парламент
19 загинати и неколку повредени мигранти при бродска несреќа кај италијанскиот остров Лампедуза
Медиуми: Иран го започна најголемиот ракетен напад од почетокот на војната
Гаши: Соживотот и дијалогот клучни за стабилноста во регионот
Во Скопје одржан Самит на верските заедниции на Балканот