| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Македонски државјанин со срцева болст опериран во Германија со роботски систем
Операцијата ја извел тим предводен од доктор Едис Љаиќ, кардиохирург, специјализиран за минимално инвазивна кардиохирургија и раководител на секторот за роботска кардиохирургија.
Македонски државјанин со срцева болст опериран во Германија со роботски систем
На клиника во Дисбург македонски државјанин со коронарна срцева болест опериран со роботски систем од страна на доктор по потекло од Македонија / MIA

Македонски државјанин од Скопје, кој во моментот живее и работи во Германија, е опериран со хируршкиот роботски систем „da Vinci“ на Клиниката за кардиохирургија при Центарот за срце во Дуизбург, Германија. Операцијата ја извел тим предводен од доктор Едис Љаиќ, кардиохирург, специјализиран за минимално инвазивна кардиохирургија и раководител на секторот за роботска кардиохирургија, кој исто така е по потекло од Македонија, објави МИА.

„Јас и мојот тим од Дисбург ја имавме честа нашиот сограѓанин да го оперираме со хируршкиот роботски систем da Vinci со кој ние рутински ги изведуваме овие интервенции, која е најсовремена, минимално инвазивна метода. Станува збор за 31-годишен пациент, маж, со дијагностицирана коронарна срцева болест, кој беше примен на нашата клиника. Операцијата траеше околу два и пол часа и помина одлично. Пациентот закрепнуваше бргу и без компликации и само пет дена по операцијата на отворено срце, ќе биде отпуштен на домашно лекување, во одлична општа состојба“, вели доктор Љаиќ.

Љаиќ појаснува дека пациентот моментно престојува во Германија поради привремена, сезонска работа и е здравствено осигурен преку германскиот работодавач, а не преку македонскиот Фонд за здравствено осигурување.

„Тој е првиот македонски пациент што е опериран со оваа високомодерна роботска техника, и тоа од страна на друг македонски граѓанин“, вели докторот.

Едис Љаиќ работи како кардиохирург на Клиниката за кардиохирургија при Центарот за срце во Дисбург, Германија. Специјализиран е за минимално инвазивна кардиохирургија и го води секторот за роботска кардиохирургија во оваа здравствена установа.

Како што појаснува, овој тип на кардиохирургија претставува најсовремена техника што во Германија моментно се изведува само во два центра - во Дисбург и во реномираната клиника „Шарите“ во Берлин. На ниво на цела Европа, додава тој, ваков тип на кардиохирургија се спроведува во не повеќе од 15 центри.

ИЗВОР:MIA
Повеќе
Марк Руте: Самитот во Анкара треба да означи „испорака и имплементација“ за НАТО
Си Џинпинг ја потврдува „непоколебливата“ посветеност на решавањето на прашањето за Тајван
Џ.Д. Венс: Иранското одбивање на директни разговори во Доха е „персиска преговарачка тактика“
Иран нема да се сретне со американските претставници во Катар
Нетанјаху: Израел пак ќе го нападне Иран ако биде потребно
Премиерот Мицкоски го соопшти предлог составот на неговиот нов Владин кабинет
Ердоган: Израелските клевети се обид да го прикријат геноцидот во Газа
„Турските вкусови” претставени пред новинарите во Скопје
Ирска го презема претседавањето со ЕУ
Туркије бара поедноставни процедури за ЕУ визи и јасна дефиниција на етикетата „Произведено во ЕУ"
Собранието го донесе законот со кој се заоструваат условите за управување електрични тротинети
Врховниот суд пресуди против наредбата на Трамп за ограничување на правото на државјанство по раѓање
Средба Ердоган – Калас пред самитот на НАТО во Анкара
Туркије и Норвешка го нагласуваат единството во НАТО и регионалниот мир пред самитот во Анкара
ЕУ од утре ќе ги укине царините за повеќето американски производи