| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Унгарската Влада ја означи Русија како „закана“
Однесувањето на Русија претставува закана за Унгарија, Европа и глобалниот поредок, а исто така го доведува во сериозна опасност унгарското малцинство што живее во Карпатскиот Регион, стои во документот подготвен за Генералното собрание на ОН
Унгарската Влада ја означи Русија како „закана“
Осудата на Русија од премиерот Маѓар претставува јасен прекин со надворешнополитичкиот пристап на претходната Влада предводена од Виктор Орбан

Новата унгарска Влада, која ја презеде функцијата во мај, ја означи Русија како „закана“ во новоусвоениот официјален документ.

Документот, објавен во унгарскиот Службен весник во текот на ноќта, е подготвен за Генералното собрание на ОН и е потпишан од премиерот Петер Маѓар.

Во него се утврдени насоките за унгарската делегација на Генералното собрание на ОН во септември.

„Унгарија ја осудува руската воена агресија, безрезервно ги поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во рамките на нејзините меѓународно признати граници и го признава правото на Украина на самоодбрана“, се наведува во документот.

Понатаму се вели: „Однесувањето на Русија претставува закана за Унгарија, Европа и глобалниот поредок, а исто така го доведува во сериозна опасност унгарското малцинство што живее во Карпатскиот Регион.“

Во исто време, новата Влада во документот нагласува дека „ги поддржува сите напори насочени кон водење преговори со цел постигнување траен мир и долгорочни безбедносни гаранции“.

Осудата на Русија претставува јасен прекин со надворешнополитичкиот пристап на претходната Влада предводена од Виктор Орбан, која водеше политика попријателски настроена кон Москва.

Во март, лидерите на ЕУ остро го критикуваа тогашниот унгарски премиер Виктор Орбан поради блокирањето на пакетот за заем во износ од 90 милијарди евра наменет за Украина.

Тие го обвинија дека „го поткопува единството и кредибилитетот на Унијата“.

Повеќе
Арагчи разговараше со Пакистан и Катар за регионалните напори за деескалација
Бројот на жртви во пожарот во рускиот гасно-хемиски комплекс се искачи на седум
Рубио им рекол на сојузниците дека САД се повлекуваат од нападите врз Иран за време на санкциите
Владата донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор за најмалку 15 проценти
Иран се договорил со Оман за привремена транзитна траса низ Ормускиот Теснец од 11 километри
Терористичката група СДФ предводена од ЈПГ објави распуштање за да се интегрира со сириската армија
Се затвораат 26 рурални училишта, 300 паралелки помалку во основното и средното образование
Муцунски и Саар потпишаа два документи за билатерална соработка
Ердоган: Туркије е безбедна, довербата на 86 милиони луѓе е во сигурни раце и е обезбедена
Зеленски му ја додели наградата „Национална легенда на Украина“ на Шон Пен
Трамп: Ормускиот теснец е исчистен од мини
Кац: Израел нема да се повлече од Хермон
Девет Палестинци убиени во израелските напади во Газа во последните 24 часа
Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи
Мерц: Оние што стојат зад хибридните напади врз Германија „ќе платат цена“