Саат кулата во Гостивар: Симбол на градот и вредно културлно наследство
КУЛТУРА
2 мин читање
Саат кулата во Гостивар: Симбол на градот и вредно културлно наследствоГостиварската Саат-кула е вредно историско и културно наследство со автентична архитектура и објект кој претставува симбол на градот.
Саат кулата во Гостивар: Симбол на градот и вредно културлно наследство / TRT Balkan
3 септември 2025

Саат-кулата е  една од најзнаменитите и препознатливи градби во градот Гостивар.

Таа е еден од трите културно-историски споменици во Гостивар и се наоѓа и на општинските грб и знаме. Ерсин Дико, доктор по историја на уметност во разговор за ТРТ Балкан вели дека различни извори истакнуваат различни податоци кога кулата е изградена.

Сепак, некои од нив велат дека е изградена во 1740-тите години, а другите дека е (изградена) во 17 век.

„Над влезот се наоѓа плоча со натпис напишан на османлиско писмо таму пишува дека Саат-кулата е поправена во средина на 19 век од страна на Исмаил ага“, појаснува Дико.

Гостиварската Саат-кула е вредно историско и културно наследство со автентична архитектура и објект кој претставува симбол на градот.

„Ако погледнеме Старата саат кула тогаш можеме да кажеме дека Саат кулата е во два дела, горниот и долниот дел. Покривниот дел бил со дрвена конструкција, над него било сместено и ѕвоното кое тогаш го покажувало времето“, појаснува Дико.

Сместена е во центарот на градот, веднаш до зачуваната Саат-џамија на границата со медресето и гробиштата. Кулата е со висина од нешто повеќе од 23 метри.

Изградена е од кршен камен и варов малтер, додека покривот е дрвен. Заоблените агли се покриени со два триаголни покриви. Југозападно се наоѓа влезот кој води кон 5 ката од кој последниот е во конусоидна форма која била специјално изработена за да може да се смести ѕвоното. 

Саат-Кулата имала дел со дрвена конструкција која била уништена за време на Првата Светска Војна за да во 1986 година подлегне на санација и реставрација и го добие современиот изглед кој го има задржано до денес.

Кулата продолжува да биде нем сведок на настаните и историјата на ова поднебје.


ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Учество на собраниска делегација на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија во Истанбул
Привремената претседателка на Венецуела ги повика САД да ги укинат санкциите
Трамп „шокиран“ од Мелони по критиките за односот кон папата и војната во Иран
Вучиќ: Заедно со Израел ќе ги произведуваме најдобрите дронови
Анкета: 79% од Германците се незадоволни од работата на владата
Трамп не размислува за продолжување на примирјето со Иран
Затворениот палестински лидер Баргути се соочува со „брутални“ напади во израелските затвори
Милатовиќ во Берлин: Клучен момент за забрзување на интеграцијата во ЕУ
Деветмина загинаа во израелски напади во јужен Либан
Фидан разговараше со колегите од Пакистан и Иран за мировните разговори меѓу Вашингтон и Техеран
Дизелот поевтинува за 2,5 денари за литар, а бензините за 1,5 денар за литар
Либан и Израел во Вашингтон ги почнаа првите директни разговори по повеќе од 30 години
Смотрич го критикува Мерц за предупредувањето за нелегалната анексија на Западниот Брег
Црногорските превозници почнаа блокада на товарниот сообраќај на граничните премини
Иран обвини пет арапски држави за учество во американско-израелските напади и бара отштета