| Macedonian
ПОЛИТИКА
3 мин читање
Венс ветува дека Трамп нема да дозволи конфликтот со Иран да прерасне во уште една „вечна војна“
Што и да одлучи претседателот, ќе има луѓе „кои сакаат војната да трае неодредено долго“, вели американскиот потпретседател, Џеј Ди Венс
Венс ветува дека Трамп нема да дозволи конфликтот со Иран да прерасне во уште една „вечна војна“
Венс ветува дека Трамп нема да дозволи конфликтот со Иран да прерасне во уште една „вечна војна“

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс во понеделникот вети дека претседателот Доналд Трамп нема да дозволи тековниот конфликт со Иран да прерасне во долготраен воен ангажман. Тој ги отфрли повиците за продолжено присуство на САД и нагласи дека администрацијата останува посветена на избегнување на уште една „вечна војна“.

Во интервју за „Фокс њуз“ (Fox News), Венс изјави дека меѓу него и Трамп нема никакво несогласување околу насоката на конфликтот, нагласувајќи дека претседателот има намера да стави крај на војната, наместо да дозволи таа да прерасне во долгорочен ангажман.

„Моето предвидување е дека, што и да одлучи претседателот на крајот, ќе има луѓе кои ќе бараат повеќе, кои ќе сакаат војната да трае неодредено долго“, рече тој.

„Она во што сум сосема сигурен кога станува збор за претседателот на САД – и повторно, тука нема никакви разлики во ставовите – е дека што и да одлучи на крајот, и на кој било начин да одлучи да го заврши конфликтот, тој нема да дозволи ова да прерасне во ’вечна војна‘“, додаде тој.

Коментарите на Венс доаѓаат во момент кога САД и Иран се наоѓаат во воена конфронтација, додека се интензивира дебатата за трошоците и времетраењето на конфликтот.

„Нема да дозволиме ова да прерасне во ангажман што ќе трае 10 или 15 години, па дури, искрено кажано, ниту две години“, рече Венс.

Тој ги обвини одредени критичари и застапници на одредени надворешнополитички ставови дека сакаат САД да останат ангажирани неодредено долго, додавајќи дека администрацијата им дала јасно ветување на гласачите оти ќе избегнува долготрајни војни во странство.

„И покрај тоа што многу неоконзервативци и многу други луѓе сакаат да останеме таму засекогаш, ние нема да останеме таму засекогаш. Ветувавме дека нема да го сториме тоа“, рече тој.

Венс исто така изрази уверување дека Трамп на крајот ќе ја заврши војната со „одлични резултати“ за американскиот народ. - „Среќен сум што можам да бидам штит“ за Трамп. За време на интервјуто, Венс се осврна и на критиките во врска со начинот на кој администрацијата се справува со конфликтот со Иран, како и на потенцијалните политички последици за републиканците по изборите во средината на мандатот во 2026 година.

На прашањето дали постојат разлики во ставовите меѓу него и Трамп во однос на војната, тој ја отфрли таквата можност, наведувајќи дека нема несогласувања меѓу високите претставници на администрацијата.

Сепак, тој призна дека конфликтот донел политичка цена, особено преку повисоките цени на горивото и енергенсите.

„Политички – да, а мислам дека и самиот претседател го има кажано истото. Постоеше политичка цена: повисоките цени на горивото и на енергенсите“, рече тој.

Потпретседателот, исто така, одговори на критиките упатени кон него во врска со еден меморандум за разбирање поврзан со Иран, сугерирајќи дека некои критичари го користат него како заменска цел за напади врз Трамп.

„Среќен сум што можам да бидам штит за претседателот на Соединетите Држави“, изјави Венс.

Повеќе
Форензички експерт вели дека смртта на Епстин е поверојатно убиство отколку самоубиство
Израел фрла експлозив спакуван во кутии врз објекти во Газа
Палестина бара одговорност од Израел за прегазени осум лица
Венс ветува дека Трамп нема да дозволи конфликтот со Иран да прерасне во уште една „вечна војна“
Рама: Колку побрзо Србија го признае Косово, толку подобро ќе биде за сите во регионот
Новото тричлено претседателство на БиХ ја презеде функцијата
Турскиот министер за надворешни работи учествува на министерски состанок во Брисел
Папата Лав XIV од Латинска Америка упати пораки за вера и правда
Трамп: Прашањето за шпионажа над Енвидија ќе го покренам со кинескиот лидер Ши
Од полноќ ново намалување на цените на бензините и дизелот
Израел прогласи палестинско село за „затворена воена зона“ и ја протера европската делегација
Потопен уште еден товарен брод во Црното Море кај Бугарија
САД ги заоструваат ограничувањата за далечински пристап до напредни ВИ чипови
Украина го изврши најголемиот напад со дронови врз Русија од почетокот на војната
Ердоган ја оцени КOП31, чиј домаќин е Туркије, како најуспешна конференција за климата во историјата