Ким Џонг Ун изјави дека капацитетот за производство на материјал за нуклеарно оружје во Северна Кореја се зголемил повеќе од двојно во последните пет години.
Ким ова го истакна за време на посетата на новоотворен погон за производство на нуклеарни материјали, пренесе државната Корејска централна новинска агенција (КЦНА).
„Продолжената конфронтација со најжестоките непријатели на земјата, заедно со влошувањето на постојните закани, потенцијалните закани и непредвидливите долгорочни кризи, ја нагласува итноста и одговорноста за зајакнување на нуклеарното одвраќање на одржлив и забрзан начин“, рече Ким.
Според лидерот на Северна Кореја „развојот на софистицирана нуклеарна технологија создава зрела средина за новата следна фаза на зајакнување на нуклеарните сили кои нудат можност за спроведување на поголеми планови“.
„Го потврдивме редоследот на приоритети за спроведување на амбициозниот иден план дизајниран да ги зајакне нуклеарните сили на нашата држава со експоненцијална брзина, како и потребната гаранција за таа цел“, рече Ким, истакнувајќи ја како „неверојатна, успешна“ промена што ги надминува границите на „реторичкиот опис“.










