| Macedonian
ПОЛИТИКА
1 мин читање
Кремљ: Мировните преговори за Украина може да се одржат во Истанбул
Песков рече дека сите учесници во преговорите за Украина имаат позитивен став кон Истанбул како преговарачка платформа, па затоа консултациите би можеле да продолжат во турскиот град
Кремљ: Мировните преговори за Украина може да се одржат во Истанбул
Кремљ: Мировните преговори за Украина може да се одржат во Истанбул / Reuters

Следната рунда преговори меѓу Русија, Украина и Соединетите Американски Држави (САД) би можела да се одржи во Истанбул, изјави Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ.

Песков рече дека сите учесници во преговорите за Украина имаат позитивен став кон Истанбул како преговарачка платформа, па затоа консултациите би можеле да продолжат во турскиот град.

„Секако, опцијата Истанбул постои и сите страни имаат многу позитивен став кон неа“, истакна тој.

Песков, исто така, му се заблагодари на раководството на Обединетите арапски емирати (ОАЕ) за помошта во организирањето на претходните рунди преговори и за создадената атмосфера.

„Секако, сите високо ја ценат атмосферата што властите на Емиратите ја создадоа за овие трилатерални преговори и сите се благодарни на раководството на ОАЕ за помошта во организирањето на процесот на преговори“, рече тој.

Осврнувајќи се на прекините на интернетот во Русија, Песков рече дека тие ќе продолжат „колку што е потребно“ за да се осигури „безбедноста“.

Повеќе
ЦЕНТКОМ: Трамп информиран за потенцијалните опции за „последен удар“ врз Иран
Санчез:Израелскиот напад врз флотилата е кршење на меѓународното право, ја повикувам ЕУ да дејствувa
Средба Грлиќ Радман – Муцунски: Загреб ја потврди поддршката за европскиот пат на Скопје
Предвремени парламентарни избори на Косово на 7 јуни
Трамп: Мерц да се фокусира на поправка на пропаднатата земја, да не се меша во стратегијата за Иран
Фидан: Самитот на НАТО во Анкара, историска можност за единство
Вучиќ: Активирањето на новиот суперкомпјутер во Државниот центар за податоци-историски момент
Израел притвори 20 турски државјани на флотилата за помош за Газа
Велика Британија и девет европски земји ќе формираат заеднички поморски сили
Собранието изгласа укинување на техничката влада
Словенија: Изгласани измени на законот за влада, на повидок нова владина коалиција
Пезешкијан: Американската поморска блокада е осудена на пропаст
Србија и Чешка најавија зајакнување на соработката во многу области
Најмалку деветмина загинати во израелски воздушни напади врз Јужен Либан
Епстин пред смртта градел врски на влијание со африканската елита