| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Иран целосно го затвора Ормускиот Теснец
Со оглед на тензиите предизвикани во регионот од страна на агресорните американски сили и синоќешната изјава на иранските вооружени сили, Ормускиот Теснец ќе биде затворен до понатамошно известување, соопшти Управата за теснеци во Персискиот Залив
Иран целосно го затвора Ормускиот Теснец
Од друга страна, утрово американската војска остро ги негираше овие тврдења од Техеран, велејќи дека информациите за блокадата се неточни / Reuters

Иранските власти го повторија своето тврдење дека преминот низ Ормускиот Теснец е целосно блокиран, а новоформираната Управа за теснеците во Персискиот Залив (ПГСA)- тело создадено од Техеран за контрола на пловидбата низ овој тесен и стратешки клучен морски премин-официјално објави дека водниот пат е затворен „до понатамошно известување“.

„Со оглед на тензиите предизвикани во регионот од страна на агресорните американски сили и синоќешната изјава на иранските вооружени сили, Ормускиот Теснец ќе биде затворен до понатамошно известување. Ги молиме сите сопственици на бродови кои веќе добиле дозволи за премин да бидат трпеливи и да чекаат понатамошни инструкции од ПГСA“, објави агенцијата на социјалните медиуми.

И Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГК) го прогласи виталниот Ормуски теснец за „затворен за сите бродови“ откако САД започнаа нови напади врз Иран.

„Веднаш, поради несигурноста во регионот, Ормускиот тТеснец е прогласен за затворен за сите бродови, вклучувајќи ги и танкерите за нафта и комерцијалните бродови“, соопшти ИРГК во објава на својот официјален канал Телеграм рано во четврток.

„Секој брод што ќе се обиде да го премине теснецот ќе биде цел на напади.“

Од друга страна, утрово американската војска остро ги негираше овие тврдења од Техеран, велејќи дека информациите за блокадата се неточни и дека теснецот всушност е сè уште целосно отворен за пловидба.

Повеќе
Фидан разговараше за Кипар, Сирија и регионални прашања со генералниот секретар на ОН, Гутереш
Полицијата во Палма де Мајорка со гумени куршуми ги растури протестите против масовниот туризам
Израел одобри влез на меѓународни сили во Газа
Летонија планира да ги отстрани сообраќајните знаци што покажуваат кон Русија и Белорусија
Претседателот на Колумбија објави прекин на дипломатските односи со Куба и Никарагва
Нетанјаху денеска патува за САД, утре ќе се сретне со Трамп
Започна гласањето во првата фаза од изборите во Кашмир, управуван од Пакистан
Во мај 96,5 отсто од потрошената струја од домашно производство
Зеленски: Украина стана посилна за време на војната но не доволно за да го запре Путин
Сомнителна бомба пронајдена во близина на Сенатот на Филипините пред обраќањето на претседателот
Три лица убиени, петмина ранети во пукање на Фестивалот на храната во Сиетл
Северна Кореја го отфрли повикот на АСЕАН за денуклеаризација нарекувајќи го „глупав обид“
Си и Лула за соработката во БРИКС и Глобалниот Југ
Иран: Шест брода се обиделе да поминат низ „нелегална и небезбедна“ маршута низ Ормускиот теснец
Започна Младинската работна акција „Нови Пазар 2026“