Најмалку 18 мртви во зимската бура во САД
Градоначалникот на Њујорк изјави дека пет лица загинале во ледениот бран, а медиумите во Бостон објавија дека во државата Масачусетс, една жена починала откако била удрена од машина за чистење снег
Најмалку 18 лица во неколку федерални држави загинале во налетот на леден бран од бура низ САД, објавија денес американските медиуми.
Во градот Фриско, Тексас, недалеку од Далас, шеснаесетгодишно девојче починало додека се санкало, соопшти локалната полиција, наведувајќи дека девојчето го влечело по санката тинејџер кој возел моторна санка.
Во соопштението се наведува дека санката на која се возела девојчето прво удрила во тротоарот, а потоа и во дрво.
Во областа Остин, една жртва на хипотермија е пронајдена мртва на паркингот на напуштена бензинска пумпа, соопштија локалните власти.
Во државата Арканзас, 17-годишно момче починало по сообраќајна несреќа во која удрил со санката во дрво, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Салин.
Во сојузната држава Пенсилванија, три лица загинале додека чистеле снег, а жртвите се на возраст од 60 до 84 години.
Градоначалникот на Њујорк изјави дека пет лица загинале во ледениот бран, а медиумите во Бостон објавија дека во државата Масачусетс, една жена починала откако била удрена од машина за чистење снег.
Три смртни случаи се пријавени во Тенеси, два во Луизијана и еден во Канзас, потврдија официјални лица.