| macedonian
СПОРТ
3 мин читање
ЛШ: Јувентус со пресврт до реми против Борусија, Реал со два пенала и играч помалку го победи Марсеј
Вистински спектакл имаше во Торино на мечот меѓу Јувентус и Борусија каде домаќините постигнаа два гола во судиското продолжение за 4:4, а изненадување приреди Карабаг, кој ја победи Бенфика во Лисабон откако губеше со 2:0
ЛШ: Јувентус со пресврт до реми против Борусија, Реал со два пенала и играч помалку го победи Марсеј
Влаховиќ беше креатор на пресвртот на Јувентус со два гола и асистенција за израмнувачкиот погодок
17 септември 2025

Дуелите од првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите на УЕФА донесоа пресврти, драма и спектакуларни голови. Реал Мадрид успеа да го победи Марсеј со еден играч помалку, додека Јувентус и Борусија го одиграа најефикасниот натпревар кој заврши со резултат 4:4

Не недостасуваше возбуда на Сантијаго Бернабеу. Марсеј го шокираше домашниот тим во 22. минута со голот на Тимоти Веа за водство од 1:0, но Килијан Мбапе постигна гол од пенал шест минути подоцна за резултат 1:1.

Драмата следеше во 72. минута кога Дани Карвахал заработи директен црвен картон за неспортски удар со глава врз голманот Рули, а судијата од БиХ Ирфан Пељто го исклучи по прегледот на ВАР.

Иако со еден играч помалку, Реал успеа да победи. Во 82., Мбапе по сомнително досуден пенал повторно постигна гол и им донесе три бода на домашните.

Вистински голијада имаше во Торино во дуелот помеѓу Јувентус и Борусија, со осум гола во второто полувреме, кога домаќините постигнаа два гола во судиското продолжение и стигнаа до 4:4.

Карим Адејеми ги доведе гостите во водство во 52. минута, но Кенан Јилдиз го израмни резултатот со одличен удар во 63. минута. Само две минути подоцна, Феликс Нмеча ја врати предноста на Борусија, но Душан Влаховиќ го израмни резултатот на 2:2 во 67. минута.

Кога прво Јан Куто во 76. минута реализираше за Германците, па Рами Бенсебаини даде гол од пенал во 86. минута за водство на Борусија од 4:2, се чинеше дека сè е завршено, но Јуве не се предаде.

Влаховиќ го намали резултатот на 4:3 во 94. минута, а потоа му асистираше на Кели кој го израмни резултатот на 4:4 во 96. минута за неверојатен исход на средбата во Торино.

Тотенхем победи со 1:0 против Виљареал со автогол на Луиз.

Карабаг креираше сензација во Лисабон и откако губеше со 2:0 победи со 2:3 во против Бенфика.

Арсенал на најдобар начин го стартуваше новото издание во ЛШ откако славеше 0:2 на гости против Атлетик Билбао. Англискиот тим покажа квалитет и најави дека оваа сезона е еден од фаворитите за титулата и во елитното европско клупско натпреварување.

„Резервистите“ на Микел Артета му донесоа триумф на Арсенал. Габриел Мартинели го постигна водечкиот гол, по асистенција на Тросар, кога во 72. минута ја претрча одбраната на домашниот тим и го совлада Унаи Симон.

Во 87. минута, Мартинели му возврати на Тросар со асистенција, а Белгиецот беше стрелец на вториот гол за Топчиите.

Во Ајндховен, ПСВ загуби од Унион Сен Жил со 1:3. Давид Промис од пенал беше стрелец на првиот гол во ЛШ оваа сезона, откако погоди во деветтата минута, а Ануар Аит Ел Хаџ во 39. минута зголеми на 0:2 за Белгијците.

Кевин Мекалистер во 81. минута со трет гол за гостите го реши победникот, а Рубен ван Бомел го постигна почесниот погодок за ПСВ во 90. минута.

Уште пет натпревари од Лигата на шампионите ќе се играат вечерва.

Славија Прага го пречекува Бодо Глимт, а првото дерби на вечерта е во Минхен, каде Баерн ќе го пречека Челзи.

Ливерпул и Атлетико Мадрид е второто дерби, а ПСЖ ќе ја започне одбраната на трофејот на домашен терен против Аталанта.

Во последниот натпревар ќе се сретнат Ајакс и Интер.

Повеќе
МОК: На трансродовите жени ќе им биде забранет настап во сите женски олимписки настани
ЛШ: Сити го доби дербито со Борусија, Галатасарај го декласираше Ајакс во Амстердам
Интер и Милан официјално станаа ко-сопственици на легендарниот стадион Сан Сиро
Демонстранти бараат откажување на натпреварот меѓу Дубаи и израелски Хапоел во Сараево
Вељко Пауновиќ е нов селектор на српската фудбалска репрезентација
Масар Омерагиќ именуван за член на Олимпискиот комитет на ФИФА
НБА кошаркари и тренер уапсени во акција на ФБИ против нелегално коцкање
180 навивачи на Наполи протерани од холандски град пред Лигата на шампионите
Турската нуркачка Шахика Ерџумен ѝ го посвети на Газа новиот светски рекорд во нуркање
Протести против Израел и судири со полицијата во Удине пред фудбалскиот натпревар со Израел
САД со проект од 500 милиони долари ќе ги штити од дронови стадионите на Мундијалот во 2026 година
Милевски: Ќе сториме се за да ја оствариме нашата цел
Кристијано Роналдо стана првиот фудбалер милијардер
Јувентус одби 66 милиони евра за Јилдиз
Лига на шампиони: ПСЖ со гол во 90. минута ја победи Барселона
Лига на шампиони: Галатасарај го победи Ливерпул во Истанбул
ФИФА ја казни Србија со 85 000 евра и 20 проценти помалку гледачи на натпреварот против Албанија
Инфантино: Плачам кога гледам мајки како плачат, во Газа, Украина, Судан, Либија
Усман Дембеле ја освои  Златната топка
ЛШ: Сити со фубалер повеќе го победи Наполи, Барселона славеше во Њукасл