| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Јапонската премиерка ќе го распушти Парламентот во петок за предвремени избори во февруари
Такаичи изјави дека ќе го „стави својот мандат на коцка“ и ќе побара од гласачите да одлучат дали треба да остане премиер на Јапонија откако го распушти Долниот дом на парламентот на првиот ден од овогодишната редовна седница на Собранието
Јапонската премиерка ќе го распушти Парламентот во петок за предвремени избори во февруари
Изборите ќе бидат први откако Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија на 21 октомври лани / AP

Јапонската премиерка Санае Такаичи денес објави дека ќе го распушти Претставничкиот дом и ќе распише предвремени парламентарни избори, кои ќе се одржат на 8 февруари, додека официјалната изборна кампања ќе започне на 27 јануари.

На прес-конференција, Такаичи изјави дека ќе го „стави својот мандат на коцка“ и ќе побара од гласачите да одлучат дали треба да остане премиер на Јапонија откако го распушти Долниот дом на парламентот на првиот ден од овогодишната редовна седница на Собранието.

Таа, исто така, изјави дека ќе се стреми да го освои мнозинството за владејачкиот блок на изборите.

Изборите ќе бидат први откако Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија на 21 октомври, и први откако еден ден претходно беше потпишан коалицискиот договор меѓу нејзината Либерално-демократска партија и Јапонската партија за иновации.

Такаичи nа изборите ќе се обиде да ја искористи високата јавна поддршка за својот кабинет за да побара мандат од граѓаните за она што таа го опишува како нејзина „одговорна, но решителна“ фискална политика, како и нова рамка за владејачката коалиција.

Предвремените избори ќе се одржат помалку од година и пол по претходните избори за Долниот дом на парламентот, кои се одржаа во октомври 2024 година.

Според јапонскиот Устав, членовите на Долниот дом имаат четиригодишен мандат, освен ако парламентот не се распушти.

Минатата недела, Такаичи им претстави план на врвните функционери на владејачката партија за распуштање на Долниот дом на парламентот во рана фаза по 150-дневната редовна седница на националниот парламент што започнува следниот петок.

Владата на Санае Такаичи се соочува со тешкотии во парламентарното управување, бидејќи блокот предводен од Либерално-демократската партија (ЛДП) има тесно мнозинство во Долниот дом, додека останува малцинство во Домот на советниците, принудувајќи ја да соработува со опозициските партии за донесување закони.

Опозициските партии го критикуваа планот на Такаичи за распишување предвремени избори, велејќи дека таа ги става политичките интереси пред парламентарното одобрување на почетниот буџет за фискалната 2026 година, која започнува во април, и покрај нејзиното ветување дека ќе даде приоритет на спроведувањето на политиките.

Таа во октомври минатата година беше избрана за 104-ти премиер на земјата.

Повеќе
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван
САД ќе се потпре на Министерството за одбрана за распоредување помош во Венецуела
Данска испраќа воен контигент на мисија во Ормутскиот Теснец
Иранскиот спикер ги отфрли наводите дека со одмрзнатите средства ќе се набавува помош од САД