| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Муцунски: Дипломатските напори на Туркије предводени од Ердоган и Фидан од големо значење
Во своето обраќање на панелот насловен „Жнеење на мирот на Балканот: Дијалог, бизнис и поврзаност“, Муцунски упати благодарност до турското МНР за организацијата на настанот
Муцунски: Дипломатските напори на Туркије предводени од Ердоган и Фидан од големо значење
Муцунски: Дипломатските напори на Туркије предводени од Ердоган и Фидан од големо значење / AA

Македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска се обрати на Дипломатскиот форум во Анталија, нагласувајќи ја важноста од конкретни резултати, регионална соработка и стратешко планирање во услови на актуелни глобални предизвици.

Во своето обраќање на панелот насловен „Жнеење на мирот на Балканот: Дијалог, бизнис и поврзаност“, Муцунски упати благодарност до турското Министерство за надворешни работи за организацијата на настанот, оценувајќи дека форумот „станува сѐ посуштински и порелевантен секоја година“.

Тој ја истакна улогата на Туркије како значаен сојузник, посочувајќи ја важноста на актуелните дипломатски напори на Туркије предводени од претседателот Реџеп Таип Ердоган и министерот за надворешни работи Хакан Фидан, вклучително и активностите поврзани со состојбата во Иран, како и организацијата на важни меѓународни настани.

Осврнувајќи се на темата на панелот, Муцунски истакна дека покрај „жнеењето“ на веќе постигнатите резултати, регионот треба да се фокусира и на „садење“ нови иницијативи.

„Имаме многу успешни примери на регионална соработка, особено во делот на поврзувањето. Коридорот 8 претставува клучен проект за политичка стабилност, безбедност и трговија, каде веќе гледаме значителен напредок,“ изјави тој.

Муцунски додаде дека земјата има стратешка позиција како пресек на Коридорите 8 и 10, што, според него, претставува значајна предност за регионот.

Во делот на енергетиката, министерот информираше за тековната изградба на гасниот интерконектор со Грција, како и плановите за ново поврзување со Србија, со цел намалување на зависноста од рускиот гас.

Тој најави и нова регионална иницијатива поврзана со производството на електрична енергија, нагласувајќи дека тоа е клучно за идниот економски развој.

„Вештачката интелигенција е двигател на бизнисот, но без заеднички пристап кон енергетските капацитети, нема да бидеме конкурентни,“ рече Муцунски.

Министерот подвлече дека регионот мора да се насочи кон конкретни и мерливи резултати, наместо на декларативни изјави, и предупреди дека фокусот на минатото може да го попречи напредокот.

„Не е доволно само да се садат семиња – важно е тие да бидат правилно поставени, со јасна визија за иднината,“ истакна тој.

Муцунски заклучи дека постои политичка волја и моментум во регионот, но дека клучно е исполнувањето на преземените обврски, преку стратешки пристап заснован на евроатлантските вредности.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Од полноќ поевтинуваат и бензините и дизелот
Израелски војник со чекан уништил статуа на Исус во  јужен Либан, Нетанјаху го осуди инцидентот
Муцунски-Шакалиев: Подготвеност за продлабочување на економската соработка
Румен Радев, поранешниот бугарски претседател и шеф на воздухопловните сили, се враќа на власт
САД одобрија продажба на руска нафта за уште еден месец
Косово ја прогласи Иранската револуционерна гарда за „терористичка организација“
Шпанија ја критикува Мачадо за „идеолошка“ посета и состаноци на крајнодесничарите
Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
Нетанјаху не се појави на судењето за корупција поради „безбедносно-дипломатски причини“
Амбасадорот во ОН, Валц, вели дека САД „никогаш нема да заземат пристап на доверба“ кон Иран
Иран нападна американски бродови како одмазда за запленувањето на товарен брод
Во главниот град на Нов Зеланд прогласена вонредна состојба по поплавите предизвикани од дожд
Филипинската армија тврди дека убила 19 осомничени антивладини борци
Емиратите ќе побараат директна финансиска помош од САД ако продолжи војната
САД уништи нов сомнителен нарко-брод во Карибите