Израел повторно ќе го отвори преминот Рафах во Газа откако беше затворен две години

Во согласност со договорот за прекин на огнот и наредбата на политичкиот ешалон, преминот Рафах ќе биде отворен во недела-1 февруари, во двата правца само за ограничено движење на луѓе, соопшти израелската армијата

By
Излезот и влезот во Газа ќе бидат координирани со Египет и ќе биде подложен на претходно одобрување од Израел, под надзор на мисија на ЕУ / Reuters

Израел денес соопшти дека во недела ќе го отвори граничниот премин Рафах во Газа со Египет во двата правца, дозволувајќи ограничено движење на луѓе, откако беше затворен две години.

Израелската армија соопшти дека овој потег е дел од договорот за прекин на огнот во опколениот Појас Газа.

„Во согласност со договорот за прекин на огнот и наредбата на политичкиот ешалон, преминот Рафах ќе биде отворен следната недела (1 февруари) во двата правца само за ограничено движење на луѓе“, се вели во соопштението на армијата.

Додадено е дека излезот и влезот во Газа преку преминот ќе бидат координирани со Египет и ќе биде подложен на претходно одобрување од Израел, под надзор на мисија на Европската Унија.

Армијата соопшти дека повторното отворање ќе овозможи и враќање на жителите што ја напуштиле Газа за време на војната, по координација со Египет и по добивање одобрение од израелската безбедност.

Немаше непосреден коментар од палестинските или египетските власти.