РЕГИОН
2 мин читање
ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори
Денеска од 16:30 часот течат роковите за евентуални приговори на првичните официјални резултати, приговорите може да се поднесат директно до ДИК во рок од 48 часа, изјави претседателот на ДИК, Борис Кондарко
ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори
Ако не бидат поднесени приговори, ДИК ќе ги објави конечните резултати во четврток
3 ноември 2025

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево ги соопшти првичните официјални резултати од вториот круг на локалните избори што се одржа вчера.

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, истакна дека гласањето се спроведело во 32 општини и во градот Скопје, со вкупно 1.013.357 избирачи. Бројот на избирачки места изнесувал 1.777, а гласале 424.923 лица, што претставува излезност од 41,93 отсто. Од нив, 404.464 гласачки ливчиња биле важечки, а 23.930 неважечки.

Во Скопје, во десетте општини гласале 474.304 избирачи, а на територијата на градот 167.575. Од нив, 157.047 гласачки ливчиња биле важечки, а 10.528 неважечки.

За кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Орце Ѓорѓиевски, гласале 95.572 лица или 57,03 отсто, додека за кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, гласале 61.475 или 36,69 отсто од гласачите.

Кондарко посочи дека од денеска од 16:30 часот течат роковите за евентуални приговори на првичните официјални резултати. Приговорите може да се поднесат директно до ДИК во рок од 48 часа, а електронско поднесување не е дозволено.

Ако не бидат поднесени приговори, ДИК ќе ги објави конечните резултати во четврток. Доколку има приговори, Комисијата има рок од 72 часа за одлучување, а потоа следи 24-часовен рок за поднесување тужби до Управниот суд. Управниот суд има рок од 48 часа за одлучување, што значи дека конечните резултати ќе бидат објавени најдоцна до понеделник или вторник.

Од 19:00 часот вчера исто така течат роковите за приговори во врска со спроведувањето на гласањето.

Повеќе
Во Скопје се одржа конференција по повод 100-годишнината од раѓањето на Алија Изетбеговиќ
Грција се соочува со сè поголем недостиг на вода, најкритична состојбата во Атина
МВР: Шест жртви во сообраќајки во првите четири дена од ноември – апел за одговорно возење
Мицкоски: Остануваме посветени на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци
Николоски и Караџов го потпишаа Договорот за железничкиот тунел на Коридор 8
Протест во Албанија против предлог-законот „За родова еднаквост“: Тој е „антинационален и антисемеен“
Вучиќ: Србија продолжува по својот европски пат, иако нашата позиција не е лесна
Турското МНР изрази сочувство до народот на Босна и Херцеговина по трагедијата во Тузла
Додик и по укинувањето на американските санкции се заканува со отцепување на Република Српска
Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година
Најмалку 11 загинати во пожар во Дом за пензионери во Тузла, БиХ
Мицкоски: Ги повторивме нашите позиции, веруваме дека нашата иднина е во ЕУ
Прекината истрагата против Додик за напад врз уставниот поредок
Косово: Глаук Коњуфца нов кандидат за премиер од Движењето Самоопределување
Скопскиот аеродром очекува најголем раст на патници во зимската сезона
ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг