| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција на новите економски околности
Министерката за финансии порача дека до крајот на годината државната каса е стабилна и е обезбедено финансирање на сите обврски- плати, пензии, исплата на социјални надоместоци, обврски кон стопанството, како и отплатата на долгови кои доспеваат
Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција на новите економски околности
Со ребалансот вкупните приходи се планирани на ниво од 374,2 милијарди денари или пониско за околу 5,3 милијарди денари на проекциите за 2026 година

Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година е навремена реакција на новите економски околности, последиците од глобалната неизвесност и ефектите врз домашната економија, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во експозе на Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година кој што е денеска на дневен ред на собраниска седница.

Според министерката, одговорноста на Владата е навремено да реагира, да ги приспособи економските политики на новите реалности, но притоа да ја зачува стабилноста на јавните финансии и да обезбеди непречено функционирање на државата.

„Измените и дополнувањата на Буџетот се во насока на обезбедување стабилност во Буџетот до крајот на годината и сигурност за граѓаните и стопанството“, изјави Димитриеска-Кочоска.

Со ребалансот, како што потенцира министерката, се прави неопходно приспособување на приходите и расходите, при што се земени предвид реалните економски текови и потребата од рационално, ефикасно и одговорно управување со јавните средства.

„Тоа значи поголема буџетска дисциплина, внимателно планирање на расходите и максимална оптимизација на приходите, без да се доведе во прашање редовното исполнување на обврските на државата. Она што е најважно за јавноста и граѓаните е дека Дополнетиот ребаланс не произлезе поради проблеми со ликвидност во Буџетот, туку е последица на преземените мерки од страна на Владата за намалување на ДДВ и акцизата кај бензините и дизелот. Мерки кои имаат директно влијание врз приходната страна на Буџетот, но најзначајно е дека со таквите мерки го поддржавме стандардот на граѓаните и ја помогнавме економијата, односно го спречивме прелевањето на високите цени на нафтата врз останатите производи и услуги“, наведе министерката.

Таа порача дека до крајот на годината државната каса е стабилна и е обезбедено финансирање на сите обврски- плати, пензии, исплата на социјални надоместоци, обврски кон стопанството, како и отплатата на долгови кои доспеваат.

Со Дополнетиот Ребаланс на Буџетот вкупните приходи се планирани на ниво од 374,2 милијарди денари или пониско за околу 5,3 милијарди денари на проекциите за 2026 година.

Истовремено на исто ниво е направена надолна корекција на расходната страна, односно вкупните расходи се планирани на ниво од 420,5 милијарди денари. При тоа нивото на дефицитот во Буџетот останува на ниво од 46,3 милијарди денари.

Со ребалансот обезбедени се дополнителни 3,7 милијарди денари за социјални трансфери, од кои 1,4 милијарди денари за социјални надоместоци и дополнителни 887 милиони денари за здравствена заштита.

За Министерството за социјална политика, демографија и млади се обезбедени дополнителни 1,8 милијарди денари за ранливи категории, социјална помош, народни кујни и социјални услуги. Исто така дополнителни 600 милиони денари и за редовна и навремена исплата на породилните надоместоци.

„Зад овие бројки и ставки стојат нашите граѓани и тие за нас се приоритет, затоа во креирањето на измените опфативме ставки кај кои имаше одложување на реализацијата и користењето на средствата. Оттука направена е корекција кај капиталните расходи, но притоа е задржана развојната компонента и определбата на државата за понатамошна поддршка на економската активност преку јавни инвестиции“, рече министерката за финансии и додаде дека се продолжува со вложувања во одбраната, патната и железничката инфраструктура, комуналната инфраструктура, животната средина, енергетската ефикасност, образованието, детската и социјалната заштита, земјоделството и локалната инфраструктура.

Со Ребалансот продолжува и финансиската поддршка за општините и капиталните инфраструктурни проекти на локално ниво, како дел од политиката за рамномерен регионален развој.

Повеќе
Генералниот секретар на ОН ја пофали организацијата на самитот КOП31 од страна на Туркије
Макрон и сопругата со нова тужба за клевета против Кендис Овенс
Машиновозачите во Шпанија го запреа железничкиот сообраќај поради безбедносни грижи
Во Абу Даби почна новата рунда мировни преговори меѓу Русија и Украина, со посредство на САД
Туркије го ревидира Акциониот план за Зелениот договор за да ја забрза дигиталната транзиција
Трамп го поддржа министерот за одбрана Хегсет откако против него е покрената постапка за инпичмент
Израелскиот Кнесет ќе биде конституиран во вторник, 28 дена за формирање влада
САД наводно преместил воздухоплови во британска база по закана од Иран
Франција го обвини Иран за кибер нападите врз фрижидери во супермаркетите
Украина се координира со ЕУ и НАТО пред средбата со Русија и САД во ОАЕ
Ербас постави Гинисов светски рекорд за најдолг лет без застанување со комерцијален авион
Втор ден од КOП31 во Туркије, фокус на енергијата и транспортот
Јужнокорејската опозиција бара претседателско вето на законот за специјален советник
Ердоган: Најмалку 16 загинати и 13 повредени при експлозија во челичарница во западна Туркије
Ердоган: Туркије продолжува со развојот и покрај регионалната нестабилност