Руски борбен авион Су-30 се урна на Крим

Екипажот се катапултираше безбедно, нема закана за животот на пилотите

By
Руски борбен авион Су-30 се урна на Крим / AA

Руски борбен авион Су-30 се урна во петок на Кримскиот Полуостров, кој Москва го анектираше во 2014 година, објави државната новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.

„Екипажот на авионот се катапултираше и беше евакуиран од страна на копнена екипа за пребарување и спасување. Нема закана за животот на пилотите“, се вели во соопштението на министерството.

Се наведува дека авионот се урна околу 11:00 часот по московско време (09:00 часот по Гринич) за време на закажан тренинг лет, додавајќи дека авионот не носел муниција.

Порано оваа недела, Русија соопшти дека воен транспортен авион Ан-26 се урна над Кримскиот Полуостров за време на закажан лет, при што загинаа 29 лица.

Министерството соопшти дека во авионот имало 23 патници и шест членови на екипажот.