| Macedonian
ВОЈНА ВО ГАЗА
1 мин читање
Најмалку 13 Палестинци убиени во израелските напади врз Газа во изминативе 24 часа
Нападите се случуваат во услови на континуирано прекршување на договорот за прекин на огнот од страна на Израел, кој е на сила од 10 октомври 2025 година
Најмалку 13 Палестинци убиени во израелските напади врз Газа во изминативе 24 часа
Oд почетокот на прекинот на огнот во израелските напади загинале 1.123 Палестинци, повредени се 3.616, а пронајдени се 800 тела

Најмалку 13 Палестинци се убиени, а 18 се повредени во израелските напади врз Појасот Газа во текот на изминатите 24 часа и покрај прекинот на огнот, соопшти денес палестинското Министерство за здравство во Газа.

Нападите се случуваат во услови на континуирано прекршување на договорот за прекин на огнот од страна на Израел, кој е на сила од 10 октомври 2025 година.

Министерството соопшти дека телата на 13 Палестинци биле донесени во болниците низ енклавата, меѓу кои 12 се новозагинати лица и едно лице што починало од претходни повреди.

Се додава дека жртви сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи екипите на брза помош и цивилната одбрана сè уште не може да стигнат до нив.

Министерството соопшти дека од почетокот на прекинот на огнот во израелските напади загинале 1.123 Палестинци, а повредени се 3.616, а пронајдени се 800 тела.

Министерството нагласи дека вкупниот број на жртви од израелскиот напад врз Газа од 8 октомври 2023 година се искачил на 73.246, а 173.727 се повредени, покрај опсежното разорување со кое се зафатени околу 90% од цивилната инфраструктура

Повеќе
Ердоган: Поразот на обидот за државен удар во 2016 е „прогласување на независност“ за Турскиот век
Косово прогласи српска министерка за „персона нон грата“ по коментарите за етничко чистење
Кувајт ја активираше воздушната одбрана поради ирански напад со дронови
ЦЕНТКОМ: САД извршија дополнителни напади врз Иран
Јордан: Соборивме три ракети лансирани од Иран
Нови американски напади врз Иран во покраината Хузестан
Десет години, десет гласови: Како 15 јули останува во срцата на турските граѓани
Бурханетин Дуран: Неуспешниот обид за државен удар во 2016 година ја обликуваше иднината на Туркије
Tурскиот министер за одбрана: Духот на неуспешниот пуч треба да ги води идните генерации
Турските системи за борба против дронови ја потврдија својата вредност на Самитот на НАТО во Анкарa
Италија уапси 79 лица во акција против мафијашката мрежа Ндрангета
Трамп: Ормуз е отворен за сите освен за Иран, наместо такса за заштита ќе склучуваме договори
ЕУ ги унапреди пристапните преговори со Украина, Молдавија, Црна Гора и Албанија
Русија: Лансирана ракетата „Сојуз-2.1а“ со новиот екипаж на Меѓународната вселенска станица
Еден од преживеаните од обидот за пуч во Туркије живее со 20 парчиња шрапнел во телото една деценија