Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска објави дека вовел санкции врз руски функционери и бродови што се користат за извоз на енергетски ресурси.
Зеленски ги обвини функционерите дека се вмешани во „киднапирањето“ на украински деца, а бродовите дека се дел од „скриена флота“.
„Денес има нови одлуки за санкциите на Украина - против руски субјекти вклучени во киднапирањето на украински деца и против бродови на руската скриена флота“, рече тој на Телеграм.
Зеленски прецизираше дека 23 бродови се ставени на црната листа, без да го прецизира бројот на санкционирани функционери.
„Работиме на синхронизирање на сите наши режими на санкции - партнерски санкции во Украина и украински санкции во партнерски јурисдикции. Исто така, подготвуваме уште еден посебен пакет санкции за блиска иднина“, рече тој.
Во посебна изјава на Телеграм, Зеленски рече дека Киев работи на организирање на уште една размена на воени заробеници со Русија.








