| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен, законската регулатива е строга
Министерката за финансии потенцираше дека банкарскиот систем е стабилен, дека сотојбата со АЛТА банка има речиси незначителено учетво во целиот банкарски сектор, но легитимна е загриженоста на клиентите
Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен, законската регулатива е строга
Мора да веруваме во системот и надлежната институција која веќе работи таму и да веруваме дека состојбата ќе биде под контрола, порача министерката

Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и регулиран со најстроги закони, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во вчерашното гостување во Централниот дневник на МРТ.

„Банкарскиот сектор е стабилен и ова не е првпат да го зборувам. Ова е резултат на едно долгогодишно искуство и работење во банкарскиот сектор. Законите во Македонија се најстроги кога станува збор за овој дел или финансискиот систем целокупно, посебно банкарскиот би го издвоила. И тука морам да кажам не само законските регулативи, туку и подзаконските прописи што ги пропишува Народната банка, но исто така и процедурите интерни што ги имаат банките се многу строги“, рече министерката.

Таа потенцираше дека банкарскиот систем е стабилен, дека сотојбата со АЛТА банка има речиси незначителено учетво во целиот банкарски сектор, но легитимна е загриженоста на клиентите.

„Ако вие сте клиент на банката во овој момент нормално е дека сте загрижени затоа што платата не сте ја добиле или пари имате во банката. И сега администрацијата на Народната банка воведува одредени ограничувања и легитимно е правото на граѓаните да бидат загрижени. Но мора да бидеме сигурни во системот, да веруваме во системот и надлежната институција која веќе работи таму и да веруваме дека состојбата ќе биде под контрола. Дотолку повеќе што ова не е резултат на проблеми коишто ги имаше банката во Македонија, туку ова е резултат на тоа што се случува во матичната би рекла компанија сопственик на банката во земјава, тоа е банката во Србија. Оттаму почнуваат проблемите така што банката во Македонија доаѓа во состојба да нема сопственик, односно се менуваат ситуациите таму и тука настануваат проблемите“, појасни министерката.

Порача да оставиме на надлежната институција - Народната банка да ги спроведува активностите согласно подзаконските акти и да ги следиме состојбите.

Според министерката важно е дека го имаме Фондот за осигурување депозити, преку кој во крајна линија доколку има потреба ќе се обесштетат депонентите во банката. При то изрази уверување дека до таква ситуација не би требало да дојде.

Во интервјуто се осврна на Предлог-ббџетот за 2027 година, во кој што како што истакна најпрво е предвидено да ги задоволи законските обврски и понатаму да ја има развојната компонента. Исто така наведе дека вработените во сите институции ќе добијат повисоки плати како резултат на порастот на минималната плата, а во одредени сектори и врз основа на потпишани колективни договори.

Повеќе
Обединетиот јудаизам на Тора одбива да го поддржи Нетанјаху за премиер
Медведев: Резултатите од изборите во САД нема непосредно да влијаат врз Русија
Зеленски се надева дека победата на демократи ќе донесе дополнителна поддршка за Украина
Се очекуваат до 780.000 демонстранти низ Франција, при што е распоредено големо полициско присуство
Иран соопшти дека три пловни објекти се запалиле во Ормускиот теснец
Во израелските напади загина еден Палестинец, а четворица се ранети низ Газа
Саудиска Арабија продолжи со финансирање од 3 милијарди долари за Пакистан
Северна Кореја тестираше напреден ракетен систем за воздушна одбрана
Огромен скандал во Украина, антикорупциски истражители вршат претрес во Безбедносната служба
Туркије остро го критикува извештајот на Европската комисија нарекувајќи го пристрасен и неправеден
Кос: Црна Гора е на пат да стане 28. членка на ЕУ, новата српска влада да се врати на реформите
Лидерот на израелската опозиција го обвинува Нетанјаху за обид за државен удар по изборниот пораз
За Венс војната во Иран е причината зошто републиканците ги загубија среднорочните избори
Првата дама на Туркије Емине Ердоган го отвори културниот центар на Институтот Јунус Емре во Сеул
Сиљановска-Давкова на средбата со Руте ја реафирмира посветеноста на земјава кон НАТО