| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Министерство за здравство: Се разгледуваат можностите за поддршка на Швајцарија
„Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на медицинското згрижување на повредените од трагичниот пожар во Кран-Монтана“
Министерство за здравство: Се разгледуваат можностите за поддршка на Швајцарија
Министерство за здравство: Се разгледуваат можностите и расположливите капацитети за да и се даде поддршка на Швајцарија / Reuters

Министерството за здравство соопшти дека постапува во координација со Дирекцијата за заштита и спасување на РСМ, а преку Координативниот центар на ЕУ за одговор на итни случаи (EU ERCC) воспоставен е канал на комуникација и со здравствените власти во Швајцарија.

„Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на медицинското згрижување на повредените од трагичниот пожар во Кран-Монтана“, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

Претходно,  министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во разговор со швајцарскиот амбасадор во земјава изрази подготвеност да обезбеди медицинска поддршка и да прифати повредени пациенти. Изразена е и подготвеност доколку има потреба, македонски лекари специјалисти да бидат вклучени во лекувањето на пациентите.  

Македонската амбасада во Швајцарија објави телефонски број на кој македонските граѓани може да се обратат во врска со трагичната несреќа.

- Амбасадата на Република Северна Македонија внимателно ги следи случувањата во Кран-Монтана и е во состојба на подготвеност да им пружи помош на своите државјани. Во случај на потреба од асистенција, ве молиме контактирајте го итниот број на Амбасадата: +41 79 923 79 57, објави Амбасадата на Фејсбук.

Според последните податоци, во пожарот што избувна во бар во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана во текот на новогодишната ноќ загинаа 47 лица, а најмалку 115 се повредени.


ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Над 2 милиони луѓе се евакуираат откако два тајфуни ѝ се закануваат на Јапонија со обилни дождови
Смртните случаи од давење поврзани со топлотниот бран се искачија на 55 во Франција
Данска ги заострува правилата за дозволи за престој за Украинците
Туркије ќе испрати два воени авиони со екипи за пребарување и спасување во Венецуела
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Пад на азиските технолошки акции поради Епл
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Старлинк нуди бесплатен интернет по земјотресот во Венецуела
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
САД ќе се потпре на Министерството за одбрана за распоредување помош во Венецуела
ЕУ до 2029 година ќе го воведе дигиталното евро
ЕУ и исплати 3,2 милијарди евра макрофинансиска помош на Украина
Макрон: Француската морнарица пресретна уште еден руски танкер од „ флотата во сенка“
Катарските танкери за течен природен гас транзитираат низ Ормускиот теснец
Нетанјаху: Никогаш не побарав дозвола од Трамп за да го нападнам Иран