| Macedonian
ПОЛИТИКА
1 мин читање
Сали: Проширувањето на ЕУ да биде праведно и предвидливо
„За нашите млади европската иднина треба да значи реални можности да учат, да се развиваат и да ја градат својата иднина во својата земја“, истакна Сали
Сали: Проширувањето на ЕУ да биде праведно и предвидливо
Сали: Проширувањето на ЕУ да биде праведно и предвидливо

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, рече дека проширувањето на Европската Унија (ЕУ) треба да биде праведно и предвидливо, напредокот да се оценува според објективни критериуми.

Сали учествуваше на Конференцијата за Западен Балкан во Виена, на покана на австриската министерка за Европа, интеграција и семејство, Клаудија Бауер, соопштија од неговиот кабинет.

Во дискусиите за иднината на Западен Балкан, министерот Сали истакна дека процесот на проширување треба да носи видливи придобивки за граѓаните и пред членството. Посебен акцент стави на младите и на потребата од повеќе можности за образование, стручна обука, практикантство, истражување и размена со европските партнери.

„За нашите млади европската иднина треба да значи реални можности да учат, да се развиваат и да ја градат својата иднина во својата земја“, истакна Сали.

Министерот Сали истакна дека Северна Македонија останува целосно посветена на реформите и на членството во Европската Унија.

Тој повика процесот на проширување да остане праведен и предвидлив, а постигнатиот напредок на земјите кандидати да се оценува според објективни европски критериуми.

Повеќе
Иран: Катар ќе им претстави нови идеи на САД за повторно отворање на Ормутскиот теснец
Бразил: Лула ја зголемува предноста пред Флавио Болсонаро во првиот круг
Поплавите погодија над 2,6 милиони луѓе низ Тајланд
„Куба веќе доживеа колапс“, вели американскиот државен секретар
Аргентина го предупреди Лондон за нафтен проект кај Фолкландските Острови
Туркије и ОАЕ разговараа за билатералните односи и регионалните предизвици
Двајца Палестинци загинаа во Газа по најновите израелски напади
Украина ќе „плати цена“ за нападите врз Русија, порача Кремљ
Ердоган: Туркије нема да се откаже од поддршката за Палестинците
Медиуми: Трамп подготвен да ги ублажи санкциите врз Иран за договор за нуклеарната програма
Туркије се приклучува кон Иберо-американската конференција како придружен набљудувач
Рама: Ако Европа го остави Западен Балкан на цедило, тоа нема да биде обичен неуспех
ЕУ воведува нови целни санкции врз Русија поради депортацијата на украински деца
Собранието на Косово усвои декларација за заштита на ОВК
Туркије ја лансира националната ВИ платформа ЕВРЕН за зајакнување на одбранбената индустрија