| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на ОН - ЕКОСОК
„Во Обединетите нации во Њујорк, нашата држава беше избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на ОН - ЕКОСОК, за периодот 2027–2029 година.“
Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на ОН - ЕКОСОК
Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на ОН - ЕКОСОК / AA

Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на Обединетите нации (ОН). Огромен успех за државата и македонската дипломатија. Избрани сме со 174 гласа., објави премиерот Христијан Мицкоски во врска со изборот на Македонија за членка во  на Економскиот и социјалниот совет на ОН - ЕКОСОК, за периодот 2027–2029 година.

„Во Обединетите нации во Њујорк, нашата држава беше избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на ОН - ЕКОСОК, за периодот 2027–2029 година. Овој избор е потврда дека државата може да постигнува резултати кога работи плански, сериозно и со јасна дипломатска цел. Тоа е признание за трудот на нашата активната дипломатија и за довербата што ја градиме со нашите партнери“, нагласи Мицкоски.

Во изминатиот период, додаде премиерот, земјата стана членка на Советот за човекови права на Обединетите нации, како и на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското оружје. А денешниот избор во ЕКОСОК, истакна тој, е продолжение на тој позитивен тренд и доказ дека нашето присуство во меѓународните организации станува посилно и повидливо.

„Нашата цел е Македонија да биде држава која не стои на маргините, туку активно учествува, гради партнерства и придонесува во решавањето на прашањата што се важни за граѓаните и за меѓународната заедница. Овој успех е резултат на работа, доверба и одговорен пристап. Продолжуваме да ја зајакнуваме позицијата на Македонија, да создаваме нови можности и да покажеме дека со сериозна работа нашата држава може да биде почитуван и активен дел од глобалните процеси.“

За изборот на РСМ за членка во ЕКОСОК соопшти и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. 

„Република Северна Македонија денеска беше избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации (ЕКОСОК) за мандатниот период 2027–2029 година. На гласањето што се одржа во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, кандидатурата на земјава доби поддршка од 174 држави членки, соопшти Министерствотото. 

Како што посочуваат, станува збор за историски успех на македонската дипломатија, бидејќи за првпат од независноста државата ќе биде членка на едно од главните тела на системот на Обединетите нации.

По повод изборот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски во видео обраќање нагласува дека ова е уште една потврда за кредибилитетот и активната улога на државата во мултилатералната дипломатија.

„Ова е успех на македонската дипломатија. Успех на посветеност, на доверба и на работа која често се одвива далеку од очите на јавноста, но носи конкретни резултати. Ова е дипломатски успех кој не се мери само со изборот, туку и со довербата што стои зад него“, истакна Муцунски.

Тој посочува дека изборот во ЕКОСОК претставува уште еден значаен чекор во зајакнувањето на присуството на државата во мултилатералните процеси, по членството во Советот за човекови права на Обединетите нации и Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското оружје.

Членството во ЕКОСОК, како што се наведува во соопштението, ќе овозможи поактивно учество на државата во глобалните дебати и процеси поврзани со економскиот и социјалниот развој, одржливиот развој, хуманитарните прашања и човековите права, како и дополнително зајакнување на нејзината меѓународна видливост и кредибилитет.

Економскиот и социјалниот совет е еден од шесте главни органи на Обединетите нации и има централна улога во координацијата на економските, социјалните и развојните политики во рамките на системот на ОН.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Пезешкијан: Меморандумот меѓу Иран и САД е историски документ
Радев: Нема да дозволиме санкции за Русија што негативно влијаат на бугарската економија
Нетанјаху му кажа на Трамп дека нема да биде обврзан од договорот меѓу Иран и САД
Казни затвор за родителите на детето убиец од „Рибникар“ од српскиот суд
Првиот француски танкер за течен природен гас го премина Ормускиот теснец од почетокот на војната
Божиновска: Го заштитивме македонскиот рубин
Љатифи Азизи: Владата го изгласа пуштањето во употреба на „One Stop Shop“ со Република Албанија
Путин повика на засилување на соработката меѓу Русија и земјите од АСЕАН
Турската и шпанската одбранбена индустрија потпишаа договори за стратегиска соработка
„Дали е Нов Зеланд или Израел на прво место?“ Висок дипломат од Киви прашан за ставот кон Газа
Филипинскиот претседател Маркос го покани Путин на самитот за Источна Азија во Манила
Шефот на НАТО вели дека алијансата влегува во фаза на имплементација пред самитот во Анкара
Фидан: Договорот меѓу САД и Иран зависи од решавањето на техничките прашања
Мицкоски: Местото ни е во ЕУ, но без отстапки за идентитетот, ова е нашата црвена линија
Еден израелски војник убиен, седум повредени во експлозија во Либан