| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Сиљановска-Давкова: Со Радев ќе трагаме по ново решение за билатералниот спор
Ние имаме 100% усогласена надворешна и безбедносна политика со ЕУ и повеќе држави на Балканот- Црна Гора и Албанија, како први во овој процес и очекувам да се видиме со Радев да разговараме, се разбира со двете знамиња, рече претседателката
Сиљановска-Давкова: Со Радев ќе трагаме по ново решение за билатералниот спор
Претседателката оцени дека честите промени на владите во Бугарија во изминатиот период за нас како држава беа отежнувачка околност / Others
пред 5 часа

Изборните резултати во Бугарија се очекувани и со идниот бугарски премиер Румен Радев ќе трагаме по ново решение за билатералниот спор за откочување на нашите евроинтеграции, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Таа во одговор на новинарско прашање посочи дека со Радев како поранешен претседател не се согласувале за многу работи, но оти умеат да се сослушаат со почит и да заклучат дека бараат решение.

Наведе и дека „кога луѓето ќе дојдат на власт и можат да ги управуваат работите умеат понекогаш да посегнат и по подобри решенија“.

„Јас го очекував овој резултат. На сите во Бугарија им беше познат високиот рејтинг на довчерашниот претседател на Бугарија, Румен Радев, и некако само тој беше стабилен елемент во поделбата на власта, сè друго беше варијабила и релативно. Мислам дека бугарските граѓани се изморени од нестабилни влади, кои постојано се менуваат, и веројатно затоа му ја дадоа довербата на новоформираната партија на господинот Радев. Мнозинството е такво што може сам да формира влада, но веројатно, заради потребата од двотретинско мнозинство, ќе коалицира со партиите кои ги посочи како можни коалициски партнери“, рече Сиљановска-Давкова.

Претседателката оцени дека честите промени на владите во Бугарија во изминатиот период за нас како држава беа отежнувачка околност, иако, истакна, сите премиери се повикуваа на изгласаните документи во бугарскиот парламент.

Сега, посочи, тој е таму. Ефективната власт во Бугарија е лоцирана кај владата, кај бившиот претседател, односно идниот премиер, кому сигурно ќе му биде доделен најпрвин мандат за состав на влада. Тоа остава простор за разговори.

„Она што е ново е драматичната состојба во светот, во амбиент на драматично сменет меѓународен поредок безбедноста добива на тежина, важноста, говорам за важоста на ЕУ, говорам за опасноста и потребата од градење отпорност кон можни фактори и актери на Бaлканот. Да потсетам, Балканот секогаш бил зона за тестирање на односите на големите сили, лакмус, тоа сигурно ќе биде и сега и јас очекувам третирање на проширувањето не само низ призма на поголема ЕУ, компетитивна на глобалната политичка сцена туку и поголема безбедност. Ние имаме 100 проценти усогласена надворешна и безбедносна политика со ЕУ и повеќе држави на Балканот – Црна Гора и Албанија, како први во овој процес и очекувам да се видиме, да разговараме, се разбира со двете знамиња, и да трагаме по ново решение“, рече Сиљановска-Давкова.

Бугарија, оцени таа, добива премиер кој ужива голема поддршка, кој има долго искуство и почит на голем број граѓани и се надевам првин дека тоа ќе го искористи во најдобра можна мерка за надминување на проблемите со кои се соочува Бугарија кои се таложеа низ честите промени на владите.

„Тоа од една страна го прави многу силен, но од друга кога луѓето ќе дојдат на власт и можат да ги управуваат работите умеат понекогаш да посегнат и по подобри решенија“, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во изјава по спортски настан како дел од заложбите за развој и примена на национален модел за промоција на физичка активност и здрави навики кај децата.

Повеќе
Амбасадорот во ОН, Валц, вели дека САД „никогаш нема да заземат пристап на доверба“ кон Иран
Иран нападна американски бродови како одмазда за запленувањето на товарен брод
Во главниот град на Нов Зеланд прогласена вонредна состојба по поплавите предизвикани од дожд
Филипинската армија тврди дека убила 19 осомничени антивладини борци
Емиратите ќе побараат директна финансиска помош од САД ако продолжи војната
САД уништи нов сомнителен нарко-брод во Карибите
Ареф: Безбедноста на Ормутскиот теснец не е возможна без гаранции за иранската нафта
Израелската армија ги предупреди жителите на Јужен Либан да ги избегнуваат пограничните области
Радев пред убедлива победа на парламентарните избори во Бугарија
Фидан: Туркије ја проширува својата дипломатска улога
Сиљановска-Давкова: Процесот на пристапување кон ЕУ „маратон полн со пречки кон Брисел“
Турско-македонските трговски односи и потенцијалот за раст дискутирани на АДФ
Муцунски: Дипломатските напори на Туркије предводени од Ердоган и Фидан од големо значење
Претставници од земјите на Западен Балкан на АДФ: Доверба и поврзаност за обезбедување траен мир
Фидан домаќин на состанокот на Балканската мировна платформа на Дипломатскиот форум во Анталија