| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Најмалку 12 загинати во рускиот напад врз Киев
Русија го изврши својот најголем воздушен напад од почетокот на војната во Украина во изминативе два дена, напаѓајќи го Киев и други градови со над 1.560 дронови, соопштија украинските власти во четврток
Најмалку 12 загинати во рускиот напад врз Киев
Oперациите за пребарување и спасување во округот Дарница во Киев се во тек, a во кои се вклучени три тима со кучиња-трагачи / Reuters

Бројот на загинати во рускиот напад врз округот Дарница во Киев се зголеми на 12 лица, меѓу кои и две деца, објави денес Украинската државна служба за вонредни ситуации.

Во соопштение објавено на Телеграм, се наведува дека операциите за пребарување и спасување во округот Дарница во Киев се во тек, како и дека во овие операции се вклучени три тима со кучиња-трагачи, пренесува Укринформ.

Директорката на Одделот за здравство на Градската државна администрација на Киев, Татјана Мостепан, изјави дека 43 лица, меѓу кои и две деца, се повредени во денешниот руски масовен напад.

Повеќе од 1.500 спасувачи и полицајци работат деноноќно за да ги исчистат последиците од нападите со руски беспилотни летала.

„Поради нападите има прекини во снабдувањето со електрична енергија во регионот на Киев. Исто така, нема вода во делови од Киев на левиот брег на Днепар“, изјави градоначалникот Виталиј Кличко.

Русија го изврши својот најголем воздушен напад од почетокот на војната во Украина во период од два дена, таргетирајќи го Киев и други градови со стотици дронови, соопштија украинските власти во четврток.

Претседателот Володимир Зеленски изјави дека Русија лансирала повеќе од 1.560 дронови од среда.

Зеленски рече дека Москва лансирала повеќе од 670 борбени дронови и 56 ракети во текот на ноќта, додека единиците за воздушна одбрана собориле 41 ракета и 652 дронови, соопштија воздухопловните сили.

„Ова сигурно не се постапки на оние кои веруваат дека војната завршува. Важно е партнерите да не молчат за овој напад. Подеднакво е важно да продолжиме да ја поддржуваме одбраната на нашиот воздушен простор“, рече Зеленски.

Русија отворено се потсмева на тековните дипломатски напори за враќање на мирот во Украина, изјави во четврток претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Додека Русија отворено се потсмева на дипломатските напори, ние продолжуваме да ја зајакнуваме Украина“, напиша таа на X, изразувајќи жалење за уште една ноќ на смрт и уништување.

Претседателката на Европската комисија, исто така, истакна дека ЕУ се подготвува да ја исплати првата транша од 6 милијарди евра како дел од заемот од 90 милијарди евра што ѝ го додели на Украина, од кои 60 милијарди евра се наменети за нејзините воени напори.

Повеќе
Трамп: Нема да бидам уште многу трпелив со Иран
Бројот на странски туристи до март годинава зголемен за 6,9 отсто
Кина вели дека „нема смисла да се продолжи“ војната со Иран додека Kси е домаќин на Трамп
Израелските сили убиле 16-годишник во окупираниот Западен Брег
Макрон: Франција во Африка е надмината од Кина, Туркије и САД
Палестина го повикува светот да ја признае Накба како „злосторство на етничко чистење“
ФБИ нуди награда од 200.000 долари за поранешна оперативка која пребегнала во Иран
Извештај на германското разузнавање предизвика контроверзии околу пропалестинските симболи
Си Џинпинг: Поставивме нова визија за односите меѓу Кина и САД
Трамп ја заврши посетата на Кина: Се согласивме дека не сакаме Иран да има нуклеарно оружје
СЗО: Ковид-19 одзеде повеќе од 22 милиони животи низ целиот свет
Најмалку 12 загинати во рускиот напад врз Киев
Политичка криза во Летонија: Премиерката Силина поднесе оставка
Може ли средбата Кси-Трамп во Пекинг да ги стабилизира енергетските и безбедносните шокови во Азија?
Скопје: Првата група аџии тргна кон светите места во Саудиска Арабија