| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Врховниот суд на САД ги поништи глобалните царини на Трамп
Судот пресуди дека Трамп ги пречекорил своите овластувања кога го искористил федералниот закон за вонредни состојби за да воведе реципрочни царини низ целиот свет
Врховниот суд на САД ги поништи глобалните царини на Трамп
Претседателот Трамп засега не ја коментираше одлуката на судот / Reuters
пред 8 часа

Врховниот суд на САД во Вашингтон денес донесе одлука со која се поништува широк спектар на глобални царини воведени од претседателот Доналд Трамп.

Судот пресуди дека Трамп ги пречекорил своите овластувања кога го искористил федералниот закон за вонредни состојби за да воведе реципрочни царини низ целиот свет, објави Блумберг.

Одлуката се однесува и на целни увозни даноци, кои администрацијата ги оправдува со борбата против трговијата со фентанил.

Судската одлука е сериозен удар врз економската политика на Трамп, која зависеше од агресивен царински пристап за заштита на американската индустрија и трговските интереси на Вашингтон.

Се очекува дека оваа пресуда ќе има широки импликации за трговските договори и политики на САД, како и за глобалните пазари, според американските медиуми.

Случајот се фокусираше на тоа дали американскиот претседател Доналд Трамп може да го заобиколи Конгресот при воведување царини, при што судиите испитуваа дали постапките на претседателот претставуваат наметнување даноци без одобрение од Конгресот или дали претседателот има право да ги воведе овие мерки како одговор на легитимни национални вонредни состојби.

Жалбата пред Врховниот суд следуваше по втората пресуда против легалноста на царините врз трговските партнери на САД и на „тарифите за фентанил“ врз Кина, Канада и Мексико.

Во својата пресуда од 29 август 2025 година, Апелациониот суд на САД за Федералниот округ се согласи со претходната пресуда на Судот за меѓународна трговија дека претседателот нема овластување да го заобиколи Конгресот при наметнување на гореспоменатите царини.

Случајот произлегува од широко распространетите царини наметнати од Трамп во 2025 година според Законот за меѓународни економски овластувања во вонредни состојби (ИEEПA), статут од 1977 година, дизајниран да им даде на претседателите овластување да дејствуваат во прогласени национални вонредни состојби преку економски мерки.

Американскиот претседател го активираше законот откако прогласи национална вонредна состојба поради постојаните трговски дефицити на САД, насочени кон увоз од над 150 милијарди долари од Кина, Индија и клучните сојузници, вклучувајќи ги Канада и Европската Унија.

Сепак, советниците на Белата куќа претхпосочија дека, без оглед на конечната одлука на судот, Трамп би можел да се сврти кон алтернативни правни патишта за да ги постигне истите цели.

Директорот на Националниот економски совет на САД, Кевин Хасет, рече дека Белата куќа би можела да примени алтернативни мерки ако Врховниот суд пресуди против употребата на вонредни овластувања од страна на Трамп за воведување сеопфатни давачки.

Повеќе
Трамп размислувал да си го додели Конгресниот медал на честа за посета на Ирак во 2018
Туркије може да помогне да се претворат климатските ветувања во акција на COP31
Германскиот министер за надворешни работи предупредува против тоа Европа да се оддалечи од САД
Фидан: Туркије е подготвена да придонесе за Газа „на секој можен начин“
Одборот за мир го претстави планот за повоена Газа: Обновата на енклавата почнува во Рафах
Ердоган: Туркије ги неутрализира заканите на нивниот извор надвор од своите граници
Северна Кореја распоредува 50 нови лансери за нуклеарни ракети
Русија е подготвена да го прими збогатениот ураниум од Иран
Воена помош од Шведска за Украина вредна 1,4 милијарди долари
Техеран: Ниту една земја не може да го лиши Иран од правото за нуклеарно збогатување
Туркије го критикува договорот за гас меѓу Грција и Шеврон среде обновените тензии во Медитеранот
Бугарија: Привремената влада на Андреј Гуров положи заклетва
Приведен британскиот принц Ендру кој остана без титулата по скандалите за злоупотреби
Германија ќе испрати висок дипломат на состанокот на Одборот за мир на Трамп
Израелската армија приведе најмалку 37 Палестинци во рации низ окупираниот Западен Брег