Вкупно уште 13 хотели во кои се сместени баратели на азил се затворени и вратени на користење на локалните заедници, соопшти денес британското Министерство за внатрешни работи.
Меѓу 13-те затворени хотели се „Рамада Џарвис“ во Лафборо, „Чимни хаус“ во Сандбах, „Британија Ешли“ во Хејл, „Голд торн“ во Вулверхемптон, „Гранд метропол“ во Блекпул, „Нотингем“ во Бредфорд и „Бест Вестерн Брук“ во Норич.
ПРЕПОРАЧАНО
Министерството за внатрешни работи соопшти дека хотелите им се враќаат на локалните заедници.
Најновото затворање следува по затворањето на 11 хотели за баратели на азил во април и уште 20 во јуни, со што во употреба остануваат помалку од 160 хотели за сместување на барателите на азил.























