| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Француското национално собрание го отфрли предлогот за импичмент на претседателот Макрон
Предлогот, поднесен од пратениците од крајно левичарската партија Непокорена Франција и неколку пратеници на Зелените, го товари Макрон дека е одговорен за тековната политичка криза во земјата
Француското национално собрание го отфрли предлогот за импичмент на претседателот Макрон
Претходно годинава, опозицијата побараа импичмент на Макрон, по одлуката лани да го распушти Парламентот и да распише предвремени избори / Reuters

Бирото на Националното собрание на Франција денес го отфрли предлогот за импичмент на претседателот Емануел Макрон, сметајќи го предлогот за „неприфатлив“, јави францускиот сервис БФМТВ.

Предлогот, поднесен од пратениците од крајно левичарската партија Непокорена Франција и неколку пратеници на Зелените, го товари Макрон дека е одговорен за тековната политичка криза во земјата.

Сепак, иницијативата не ја помина првата процедурална фаза во Бирото на Собранието, кое мора да го одобри секој обид за импичмент пред да продолжи понатаму.

Националниот координатор на Непокорена Франција, Мануел Бомпард, преку американската компанија за социјални медиуми X истакна дека членовите на левицата гласале за предлогот, додека пратениците од партијата на Макрон, Ренесанса, и конзервативните републиканци гласале против него. Пратениците од крајно десничарскиот Национален собир биле воздржани.

„Ле Пен повторно го спасува Макрон“, рече Бомпард, критикувајќи го ставот на крајните десничари.​​​​​​​

Претходно годинава, 104 опозициски пратеници побараа импичмент на Макрон, обвинувајќи го за продлабочување на политичката криза предизвикана од неговата одлука во 2024 година да го распушти Парламентот и да распише предвремени избори.

Политичкиот ќор-сокак што следуваше по предвремените избори доведе до повеќе владини кризи, при што Франција смени три премиери во изминатата година. Последниот, премиерот Себастијан Лекорну, поднесе оставка на 6 октомври поради континуирани буџетски недоразбирања и нестабилност.


Повеќе
Ердоган: Организирањето на Самитот на НАТО во Анкара  е извор на голема гордост и среќа
Израел ќе спроведе голема воена офанзива на делови од окупираниот Западен Брег
Седницата за гласање недоверба на Владата на Србија е закажана за понеделник
Зеленски: Шест лица загинаа, десетици се повредени во рускиот напад врз регионот на Киев
Индија ja продолжува блокадата на мобилниот интернет во центарот на Њу Делхи
Муцунски: Охридскиот Регион останува на Листата на светско наследство на УНЕСКО
Мерц ја реконструираше владата, Нина Варкен првата жена на функцијата шеф на канцеларијата
Лавров: Треба да се утврди кој е одговорен за неуспехот на договорот од самитот на Алјаска
Мицотакис: Нема да има предвремени избори наесен, ќе бидат редовни во 2027 година
Масовна евакуација на жители и туристи во Франција по шумските пожари
ЕУ изненадена од новите тарифи наметнати од САД
Четворица Палестинци убиени во напад на израелската армија и доселеници кај Наблус на Западниот Брег
Туркије ги испраќа првите пилоти во Велика Британија за обука на Еурофајтер
Изгласана реконструкцијата на Владата на Црна Гора, именувани четири нови министри
Стапија на сила новите царини на САД за над 60 држави поради увоз од принудна работа