Три години од „катастрофата на векот“: Балканот се солидаризираше со Туркије
Веста за „катастофата на векот“ со која се соочи Туркије и нејзиниот народ на 6 февруари 2023 година, предизвика огромна тага и болка ширум светот, но особено го потресе регионот на Балканот.
Земјотресите од 6 февруари 2023 година, чиј епицентар беше во јужната провинција Кахраманмараш, предизвикаа огромни разорувања во повеќе провинции на југот на Туркије, при што десетици илјади луѓе го загубија животот, а инфраструктурата и станбените објекти претпреа огромна штета.
Оваа тажна вест за „катастофата на векот“ со која се соочи Туркије и нејзиниот народ, предизвика огромна тага и болка ширум светот, но особено го потресе регионот на Балканот.
Катастрофалниот земјотрес кој ја погоди Туркије на денешен ден пред три години го обедини Балканот во болката и солидарноста со братскиот и пријателски турски народ, со кој негува вековни историски и културни врски.
„Балканот за Туркије“, „Скопје се солидаризира со Туркије“, „Ние сме со нашиот братски народ на Туркије“, беа само некои од пораките испишани на социјалните мрежи и истакнати на собирите на градските плоштади во речиси сите балкански градови каде се одржуваа хуманитарни акции за помош на погодените од земјотресот.
Политичките лидери веднаш ги испратија своите пораки на сочувство до турските власти и до турскиот народ, искажувајќи зборови на тага, солидарност во тешките мигови, но и искажување на спремност да се помогне на секој можен начин.
Во медиумите се организираа специјални програми во кои учествуваа политичари и други личности од јавниот живот, повикувајќи ги граќаните да се приклучат во акциите за донации.
Спасувачките тимови од Северна Македонија, Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и другите земји, со денови беа на југот на Туркије, спасувајќи ги луѓето кои беа заглавени под урнатините предизвикани од земјотресот.
По катастрофалните земјотреси, следуваше обнова на погодените подрачја, лекување на повредените и враќање во нормала на животот.
И покрај широкото разорување, турските надлежни институции веднашш запчнаа со закрепнување и обнова, започнувајќи ја „најголемата мобилизација за реконструкција“ во својата историја.