| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг
Вториот круг од изборите за градоначалници се одвиваше уредно и кампањата во целина остана конкурентна, но не сите имаа еднакви услови, изјави Матео Мекачи, шеф на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР
ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг
И понатаму постојат бројни недоследности и слабости, посочи Мекачи (Фото: ОБСЕ/Улви Акхунду) / Others

Вториот круг од изборите за градоначалници им понуди на гласачите избор меѓу политичките алтернативи и кампањата беше конкурентна во поголемиот дел од општините, но не сите кандидати имаа еднакви услови за кампања, беше посочено на прес-конференцијата на меѓународната набљудувачка мисија од ОБСЕ /ОДИХР за вториот круг од локалните избори во земјава.

Набљудувачите оценија дека како и во првиот круг, основните слободи на изразување како и слободата на здружување и собири биле почитувани и учесниците во изборите имале можност слободно да водат кампања. Сепак, додаваат, тонот на кампањата беше повоздржан од првиот круг, со одделни случаи на лични напади од страна на кандидати и партиски лидери едни кон други.

„Вториот круг од изборите за градоначалници се одвиваше уредно и кампањата во целина остана конкурентна, но не сите имаа еднакви услови“, изјави Матео Мекачи, шеф на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР.

Меѓународните набљудувачи оценија и дека продолжила вклученоста на владини претставници во изборниот процес, како и, како што наведоа, постојаните притисоци врз избирачите, заедно со бројните обвинувања за купување гласови, што претставува загриженост.

Мекачи истакна дека го набљудуваат изборниот процес од почетокот на септември и посочи дека иако правната рамка обезбедува техничка основа за одржување демократски избори, и понатаму постојат бројни недоследности и слабости, особено во однос на изборната администрација, пристапот до медиумите и системот за решавање изборни спорови.

За вториот круг на локалните избори, според податоците на ДИК, акредитирани беа 1.622 набљудувачи од кои 957 домашни и 651 меѓународни и 14 странски новинари. Според податоците од официјалната веб страна на ДИК, најмногу меѓународни набљудувачи – 500 – акредитирала мисијата на ОБСЕ/ОДИХР.

Повеќе
Ердоган: Организирањето на Самитот на НАТО во Анкара  е извор на голема гордост и среќа
Израел ќе спроведе голема воена офанзива на делови од окупираниот Западен Брег
Седницата за гласање недоверба на Владата на Србија е закажана за понеделник
Зеленски: Шест лица загинаа, десетици се повредени во рускиот напад врз регионот на Киев
Индија ja продолжува блокадата на мобилниот интернет во центарот на Њу Делхи
Муцунски: Охридскиот Регион останува на Листата на светско наследство на УНЕСКО
Мерц ја реконструираше владата, Нина Варкен првата жена на функцијата шеф на канцеларијата
Лавров: Треба да се утврди кој е одговорен за неуспехот на договорот од самитот на Алјаска
Мицотакис: Нема да има предвремени избори наесен, ќе бидат редовни во 2027 година
Масовна евакуација на жители и туристи во Франција по шумските пожари
ЕУ изненадена од новите тарифи наметнати од САД
Четворица Палестинци убиени во напад на израелската армија и доселеници кај Наблус на Западниот Брег
Туркије ги испраќа првите пилоти во Велика Британија за обука на Еурофајтер
Изгласана реконструкцијата на Владата на Црна Гора, именувани четири нови министри
Стапија на сила новите царини на САД за над 60 држави поради увоз од принудна работа