| Macedonian
ПОЛИТИКА
1 мин читање
Муцунски: Замрзнувањето на имиграциските визи од САД не влијае врз другите постапки
„Не прекин, не црна листа, туку пауза за постапките за иселенички визи. Ова не влијае врз сите други постапки за издавање визи за САД“, изјави Муцунски
Муцунски: Замрзнувањето на имиграциските визи од САД не влијае врз другите постапки
Муцунски: Замрзнувањето на имиграциските визи од САД не влијае врз другите постапки / TRT Balkan

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, во односн на одлуката на Соединетите Американски Држави (САД) за суспендирање на имигрантските визи за државјани на 75 земји, меѓу кои и македонските, изјави дека тоа не влијае врз другите постапки за издавање американски визи.

„Не прекин, не црна листа, туку пауза за постапките за иселенички визи. Ова не влијае врз сите други постапки за издавање визи за САД“, изјави тој, додавајќи дека сите други категории ќе можат да аплицираат за виза.

Муцунски посочи дека се во комуникација со Амбасадата на САД во Скопје и дека македонската амбасада во Вашингтон комуницира со американскиот Стејт департмент.

Прашан за позиционирањето на државата во однос на Гренланд и дали ќе им биде дадена поддршка на САД како стратегиски партнер, Муцунски рече дека верува оти ќе се најде решение во согласност со меѓународното право.

Вчера САД соопштија дека го суспендирале процесирањето на имигрантските визи за државјани на 75 земји, меѓу кои и пет држави од Балканот, вклучувајќи ги Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.


Повеќе
Руска фрегата истрелала две сигнални ракети кон дански воен хеликоптер
Надзорно тело на Пентагон: Војната со Иран откри стратегиски недостиг на американска муниција
Зеленски се сомнева дека Русија ќе го почитува примирјето за енергетските објекти што го најави Трам
Портпарол на владата: Германија ќе преземе нови чекори против шпионажа и саботажа
Американски суд го блокира новото правило на администрацијата на Трамп за визи за странски студенти
Ердоган: Договорот за одбрана од Мека испраќа сигнал до исламскиот свет
Во израелските напади низ Газа убиени тројца Палестинци, над 30 повредени
Десничарската АФД во Германија со рекордна поддршка од 30 %
Карни: Канада сака „уникатен сојуз“ со ЕУ, не сака да биде членка на унијата
Авиони на НАТО соборија беспилотно летало во воздушниот простор на Литванија
Зеленски го разреши главниот обвинител
Трамп: Имаме доволно надзор над ВИ фирмите, застојот и оди во прилог само на Кина
Фидан: При разговорите во Дамаск дискутиравме за посетата на претседателот Ердоган на Сирија
Еден мигрант се удави во бродска несреќа близу Грција, 25 се водат за исчезнати
Ле Пен води во анкетите за претседателските избори во Франција